13 Мај, 2024
0.0293

Погледнете како Гејтс го победи Џобс

Објавено во: Стил 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Ривалството помеѓу Стив Џобс и Бил Гејтс доминираше во компјутерската индустрија со децении. Денес, кога еден од нив е починат, а другиот надвор од светот на финансиите – победата на Гејтс е очигледна. Сепак причината за победа на Гејтс, сепак,  не треба да се бара во генијалноста, туку само во вештината за финансиските шпекулации, која Џобс никогаш не ја имал. Производителот на „Видновс“ во никој случај не е поуспешна компанија од „Епл“. „Мајкрософт” на берзата вреди неверојатни 280 милијарди долари, но „Епл” далеку надминува со проценетата вредност од 400 милијарди долари. Причината за ова е во тоа што „Мајкрософт”, кој е лидер во производство на компјутери, никогаш не беше подготвен како „Епл” да експериментира со мобилни телефони и таблет компјутери. Па зошто тогаш Гејтс е побогат од Џобс? Сопствениците на „Мајкрософт“ направија одлична работа кога успеаја да задржат голем дел од акциите на компанијата откако истата за прв пат беше понудена на берзата, додека Џобс, од друга страна, загуби мнозинството од акциите на „Епл’ кога беше „истуркан“ од компанијата. После тоа, сопственикот на „Епл“ во 1986 година ги купи акциите на „Пиксар”, компанија која ни е добро позната по анимираните филмови. Успехот на „Пиксар” му дадае поттик на Џобс да се врати во матичната „Епл”, но по неговото враќање тој беше сопственик на само дел од компанијата. Конечниот колапс на Стив Џобс се случи по серијата на нелегални дејства кои компанијата ги презема да го врати на чело и покрај интересите на акционерите, Џобс до крајот на животот морал да работи во „Епл“ за само еден долар годишно. Всушност, Џобс на листата на екстремно богати не го држеше „Епл” туку акции кои ги имаше во „Дизни”. За сето ова време, Гејтс со трпеливи финансиски „мешетарења“ далеку го надмина својот противник, иако  неговата генијалност не беше помала отколку на Гејтс.