Подољак тврди дека ако утре падне Украина, следна е Молдавија
Објавено во: Свет 26 Април, 2022 17:35
Членот на украинскиот преговарачки тим Михајло Подољак денеска ја обвини Русија дека се обидува да го дестабилизира самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.
Тој ова го изјави по серијата експлозии во таа област.
„Ако Украина падне утре, руските трупи ќе бидат пред портите на Кишињев. Добра вест: Украина дефинитивно ќе ја обезбеди стратешката безбедност на регионот. Но, ние мора да работиме заедно“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак.
Претходно, и Зеленски изјави дека апетитите на рускиот претседател Владимир Путин нема да застант во Украина. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Засега не е на повидок договор за ставање крај на војната.
Во Мариупол е најдена и трета гробница со тела на убиени цивили.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




