14 Декември, 2025
0.0814

„ПОДОБРО ОД КОЈ БИЛО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПАТОТ ДО ЧЛЕНСТВОТО НЕ Е ЛЕСЕН“: Калас со јасна порака 'преземете ги потребните чекори'

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2025 14:03

Добивај вести на Viber

Европската Унија останува со Северна Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. 

Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија. 

- Ова партнерство подразбира заедничка работа за Украина и во сферата на борбата против тероризмот секако, а тоа покажува дека функционира постепената интеграција. Но двете страни сакаат повеќе и тоа е мошне јасно. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. 

Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот - рече Калас.

Таа говореше за напорите кои се преземени од страна на Владата во однос на реформаката агенда. 

- Вие, подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака денеска е да останете на тој пат, да ги преземете чекорите потребни за отворање на пристапните преговори. 

Тоа исто така ќе значи дека ЕУ на Северна Македонија ќе и дава уште поголема поддршка, без разлика дали станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата или модернизирањето на јавната администрација - нагласи Калас.

Таа додаде дека од искуство знаат дека напредокот може да биде брз доколку има политичка волја, а како добар пример за тоа ги посочи Албанија и Црна Гора.

- Секако Северна Македонија се соочува со носење избор за своите граѓани и за иднината. Веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион. Затоа ајде да се придвижиме заедно и тука сакам да ве уверам дека ЕУ останува покрај вас - порача Калас. 

Премиерот Христијан Мицкоски од заедничката прес-конференција со Калас, потенцираше дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена. 

- Разговаравме за патот кон Европската Унија – пат кој не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен. Пат со многу предизвици, компромиси и, за жал, предолго чекање. Нашата определба останува јасна – ние припаѓаме во Европската Унија. Не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општество на демократски вредности, владеење на правото, човекови права и добрососедство. Затоа што ние вложуваме, се жртвуваме и се менуваме, со надеж дека трудот ќе биде препознаен. Меѓутоа, таа определба мора да биде возвратена. 

Оваа држава има право да очекува многу појасна, поотворена и почесна потврда од самата Унија. Затоа што, ќе се согласиме, не сите земји членки и не секогаш, се однесуваа во европскиот дух кон Македонија. Имаше периоди на блокади, имаше непринципиелни барања, а имаше и тишина од Брисел, тогаш кога најмногу ни беше потребен било каков глас на поддршка - истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција.

Нагласувајќи дека присуството на Калас денеска во Скопје е значајна порака дека ЕУ не го заборава овој регион и дека постои легитимен интерес за нашите состојби и нашите заложби, Мицкоски истакна дека разговарале отворено, како што им доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина и оти од високата претставничка на ЕУ побарал фер третман и доследност во процесот.

- Денеска побарав фер третман. Побарав доследност. Побарав Европа да покаже лидерство, не само на хартија, туку и во реалноста. Да се врати довербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека Европската Унија не е затворен клуб, туку жива визија, заедница на вредности, отворена за оние што ги живеат тие вредности. 

Денес не само што зборуваме за реформи, ние ги живееме нив. И тоа не го правиме за да добиеме аплауз, туку затоа што веруваме дека тоа е вистинскиот пат. Веруваме во европскиот сон, но и бараме да биде сон достапен за сите, не само за избраните. Затоа ја поздравувам денешната инаугурација на Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Унијата. Тоа не е само вообичаена симболика. Тоа е сигнал дека се движиме во иста насока - нагласи премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина