27 Јули, 2024
0.0342

Подигнување на свеста за женското менструално и репродуктивно здравје и менструална сиромаштија: dm дрогерие маркт втора година по ред распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

dm дрогерие маркт втора година по ред објавува повик за пријавување на проекти за подобрување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените како дел од општествено одговорната кампања {ЗАЕДНО}  едни за други. Повикот е отворен до 4 август 2024 година и е упатен до сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа и непрофитни правни лица (здруженија и фондации).

Апликациите се отворени на dm платформата www.dm-zaedno.mk, а проектите треба да имаат за цел да го подигнат нивото на значење за менструалното и репродуктивното здравје на жените, да ја променат перцепцијата за менструацијата во јавноста, што значи отстранување на стигмата од менструацијата и отстранување на чувството на срам кој често се поврзува со овој поим, како и придонес кон менструалната правда во земјава. Секој кандидат може да регистрира само еден проект, кој ќе се реализира на територијата на Република Северна Македонија.

Преку овој инспиративен проект, имаме за цел да обезбедиме платформа за жените да истражуваат и да добијат увид во различни теми поврзани со здравјето, истовремено поттикнувајќи чувство на заедница и поддршка. Жените често им даваат приоритет на потребите на другите, занемарувајќи го сопственото здравје и благосостојба, па затоа преку оваа кампања dm сака да им го врати вниманието, да ја подигне свеста за важноста на превенцијата, но и да негува култура на поддршка на жените“ – изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерие маркт во Северна Македонија.

Пријавените проекти мора да се усогласат со Правилата и условите за поднесоци на проекти објавени на платформата dm-zaedno.mk, а на пополнетиот формулар мора да се приложат детален опис на проектот и елабориран буџет. Компанијата dm дрогерие маркт ќе избере проекти кои во најголема мера ќе го поддржат женското менструално или репродуктивно здравје, кои се одржливи на долг рок, оригинални и можат да имаат влијание врз подигање на јавната свест за важноста од подобрување и зачувување на менструалното здравје на жените во нашата земја.

Поддршката од компанијата dm ќе се состои од донација на производи од асортиманот на dm, финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти, директна уплата на средства на сметката на носителот или комбинација од сите овие ставки.

За потсетување, dm дрогерие маркт минатата година за прв пат распиша ваков конкурс, преку кој беа поддржани 6 проекти од повеќе од 70 пријавени со средства во висина од 3 милиони денари.

Со цел подобрување на менструалната правда во земјава, компанијата dm уште на почетокот на месец февруари 2024 ги намали хигиенските производи Jessa во целиот регион. Дополнително, на женската трка во Скопје, која се одржа на 7 април оваа година, вработените од компанијата „трчаа за менструална правда“ и донираа 300 пакети со влошки за социјално ранливи категории на жени.Оваа донација dm ја реализираше во соработка со Здружението на новинари за човекови права од Скопје, а приматели на донацијата беа 300 жени од Битола, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар и Скопје.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје