10 Мај, 2024
0.0254

Подароци вредни 41.000 долари од Саркози и Бруни за Обама и семјството

Објавено во: Стил 27 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни подариле најскапи подароци на семејството на американскиот претседател Барак Обама.

Подароците на Саркози и Бруни во текот на 2011 година за семејството Обама чинеле 41.000 долари.

Во документот на канцеларијата за протокол на Стејт департментот има широк дијапозон на подароци, од дизајнирани стапови за гоф, чист кристал, до луксузни сапуни и парфеми. Меѓу подароците е и голема црна торба за голф „Ермес“, која чини 7.750 долари, две лампи од кристал и сребро - 5.500 долари, црна кожна чанта „Луј Витон“, стаклена скулптура на коњот на Александар Велики, како и една маица „Лакоста“.

Поголемиот број од подароците по манадатот на Обама ќе бидат сместени во Националната архива на САД.

Подароците од другите лидери биле многу поумерени, така канадскиот премиер Стивен Харпер му подарил на Обама кошаркарска топка со автограмите на играчите од „Торонто Репторс“, дедека неговиот австралиски колега на подарок донел зелен Ајпод и маици од австралиските рагби клубови.

Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон во 2011 година на подарок добила статуа на сребрен був вреден 3.400 долари, златник од 7.425 доалри и свилен шал од султанот на Оман, а од кинеската делегација добила бисери од 3.200 долари. Најексклузивен подарок добила од Замбија дијамантски ѓердан од 7.834 долари.