14 Декември, 2025
0.0551

ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА АЈВАРОТ: Оваа година зимницата ќе чини поскапо

Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 08:31

Добивај вести на Viber

Луѓето кои прават ајвар по нарачка велат дека оваа сезона, зимницата ќе чини поскапо. Голема тегла ајвар нема да биде под 350 денари.

Објаснуваат дека ајварката е поскапа, а воедно изминатиов период имаше поскапувања и затоа и тие мораат да ги зголемат цените за трудот да им се исплати. Околу 15-ти септември обично почнува сезоната на подготовка на ајварот. Некои побрзале и веќе испорачуваат ајвар, други чекаат да залади за истиот да го подготват, а има и такви кои уште не ја дефинирале новата цена.

„Цената ќе биде 350 денари за големите тегли, а малите 150 денари. Ајварката вчера на пазарот во Битола беше 70 денари. Ние правиме чист ајвар, не ставаме ни моркови, ни домати, ни модар патлиџан, само пиперки. Поубав е ајварот само со пиперки. Лани и претходната година за пријатели правевме и порачуваат по 10, 15 тегли, кој како сака. Важно пиперката е наша, чисто, природно, ние вештачки ѓубрива не користиме. Правиме само за пријатели, за нас и за нашите внуци. Помал род има пиперката годинава и квалитетот од претходните години го нема. Ние околу 20-ти, 25-ти септември правиме ајвар по нарачка за пријателите, откако ќе залади времето, затоа што на оваа температура не е пријатно да се печат пиперки, а знаеме дека за ајвар се печат поголеми количини, по 30 килограми и повеќе. За една тегла ајвар се трошат и до 4 килограми пиперки. Од органската пиперка ајварот е повкусен“, вели битолчанец.

Луѓе во повеќе македонски градови прават ајвар и други зимници по нарачка. Тие го користат интернетот за да привлечат купувачи.

„Секако ќе биде поскапо, оти пиперот е поскап годинава. За истите пари не може да се купи иста количина на храна и за истите пари не може да се работи. При крајот  на септември почнуваат нарачките. Имаше од претходните години, бараа од  5 па до 30-40 тегли, секој различно. Најверојатно се работи за  луѓе што финансиски добро стојат, а немаат време да прават ајвар. Се трудиме да направиме квалитетен ајвар, одиме повисоко со цената, но тоа е за оние кои го ценат квалитетот и можат да платат“, рече беровчанец.

Друга постара жена вели дека веќе има нарачки за ајвар и лутеница.

„Цената е 400 денари за голема тегла. Луѓето веќе нарачуваат, секој според потребата и им праќаме по карго“, додава Гордана Соколовска.

Цените на доматите и пиперките на пазарите се повисоки за 20 до 40 отсто споредено со лани. Со децении во земјава, домаќинките подготвуваат ајвар, а истиот се јаде најчесто во комбинација со сирење. Ајварот е популарен на Балканот, а за овој специјалитет се знае и пошироко во светот. Податоците низ годините покажуваат дека македонскиот ајвар се извезува во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина(БиХ), Германија и други земји.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?