14 Декември, 2025
0.3878

ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА - ќе се обноват амбуланти, лабаратории, специјалистички кабинети

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 14:01

Добивај вести на Viber

Со цел подобрување на здравствеанта заштита на жените, најавуваме значајна инвестиција на Клиниката за гинекологијата и акушерство за сите жени кои ја посетуваат нашата клиника. 

Ова го посочи денеска Проф. Д-р Ирена Алексиовска Папестиев, новата директорка на ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство која заедно со премиерот Христијан Мицкоски најави комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. 

Алексиоска Папестиев потенцира дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите и ќе биде завршена до крајот на годината.

Најавуваме значајна инвестиција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Во таа инвестиција најавуваме реконструкција и реновирање на платото пред самата клиника, на чекалните на амбулантите, на лабараториите и на специјалистичките кабинети со цел да добијат пациентите побезбеден пристап до клиниката, како поефикасна и поквалитетна дијагностика и третмани - изјави директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.

Таа додава дека на оваа клиника има голема фрекфенција, најголемо родилиште со околу 4000 породувања, операции од минимални до сложени гинеколошки што се околу 5000 и 73000 специјалистички и субспечијалистички прегледи.

- Целата оваа фрекфенција како и неводењето грижа за одржување најавува потреба од една инвестиција од 29.000.000 денари што ќе биде изреализирана до крајот на оваа година - потенцира директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.

Директорката појаснува дека она што тие сакаат е да пружат поквалитетна заштита на жената и да ја скратиме листата на чекање.

- Тоа го овозможивме преку набавување на опрема за минимално инвазивна хирургија во вредност од 32 000 000 денари која што овозможува побрзо поциентката да ја испуштиме дома и со тоа да се намали листата на чекање кај овие пациетнки.

И трета работа со која сакам да ја известам јавноста е инвестирање и правење на нов современ инвитро центар. Клиниката за Гинекологија и Акушерство секогаш ги воведувала најновите современи техники и дијагностички и терапевтски, па така уште во 2000 година е направено првото инвитро кај нас и првото бебе од инвитро е родено во 2000 година на УК Гинекологија и акушерство - додаде директорката.

Дополни дека „за жал четири години немаше направено инвирто на нашата клиника, меѓутоа од ноември 2024 година е почнато повторно да се работи со тоа што во програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство се одобрени 27 милиони за осовремување на застарената опрема, која што веќе 15 години не е обновена“.

Премиерот пак истакна дека му останува само да им честита на сите и да им посака успешната работа за сето што го прават за јавното здравство, што е многу важно. 

- Сакам да се заблагодарам и на заменик-министерот, кој исто така, од името на Министерството, дава несебична поддршка.

На персоналот, на докторите, на медицинскиот персонал, на сите кои што се дел од јавното здравство, кои се дел од оваа клиника, кои што имајќи ги предвид условите во кои што работат- навистина даваат натчовечки напори да направат нешто повеќе и за граѓаните, но и за самото јавно здравство.

Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020,2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300тини милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот.

Знаете дека се зголемија платите и за медицинскиот персонал и за техничкиот медицински персонал, за докторите. Така и ќе продолжиме, имаме една динамика која што е утврдена - кажа Мицкоски.

Тој воедно укажа дека дел од проектот, кој што ќе биде спроведен заедно со Владата на Обединетото Кралство, ќе биде токму фокусиран на здравството, и кој што очекувам, нормално, доколку условите се поволни да кулминира со изградба на конечно, посакуваниот големи Клинички центар во Скопје.

Така што една јасна стратегија, дефинирани цели каде треба да стигнеме, силна поддршка од Владата за јавното здравство, затоа што тоа е во интерес на граѓаните.

И уште еднаш на крај, да се заблагодарам на сите оние што се дел од јавното здравство- за тоа што прават за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено