05 Декември, 2025
0.1070

ПОЧНУВА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Спортските сали се спремни, само во првата недела ќе бидат вакцинирани 35.000 граѓани

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2021 07:26

Добивај вести на Viber

По пристигнувањето на 200.000 кинески вакцини од компанијата Синофарм, од денеска во Македонија почнува масовната вакцинација на голем број пунктови во повеќе регионални центри, и тоа во Битола, Штип, Охрид, Кавадарци, Тетово, Куманово и Охрид. Дел од градоначалниците во текот на вчерашниот ден објавија дека вакцините се пристигнати во нивните градови и дека се распоредени на вакциналните пунктови.

-Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша во неговата објава на Фејсбук, охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.

Во петокот во Битола пак беше изведена подготовка на луѓето вклучени во спроведувањето на вакцинацијата, а градоначалничката Наташа Петровска објави дека во медицинското училиште е подготвена спортската сала каде ќе се одвива масовната вакцинација.

-Целосно ја подготвивме спортската сала (простории, паравани, компјутери и друга опрема) во медицинското училиште како регионален центар за вакцинација.
Во петокот е изведена и симулација односно подготовка на луѓето вклучени во спроведувањето на вакцинацијата. Денес пристигнаа и вакцините. Нека ни е со лесно целиот процес и исполнета желбата што побрзо да излеземе од пандемијата, наведува Петровска во објавата на Фејсбук.


Масовната имунизација со кинеските вакцини за граѓаните од штипскиот и струмичкиот регион почнува исто така денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип каде во текот на вчерашниот ден беа дистрибуирани првите 5.000 вакцини на Синофарм. Таму ќе се аплицираат до 2.000 дневно на 22 вакцинални пунктови.

Во Скопје, пак тече ревакцинацијата во Спортскиот центар А1 Арена„Борис Трајковски со вакцините на Спутник V, а дистрибуирани се вакцини од Синофарм со кои ќе почне масовната вакцинација. Во поликлиниките на Здравствен дом Скопје се аплицираат и вакцини од Фајзер и од АстраЗенека, но граѓаните немаат право на избор.

Во петокот, односно на 30. април во Македонија пристигнаа 200.000 од Синофарм, а денеска во посета на земјава пристигнуваат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската  министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер по повод распределбата на вакцините од Европската Унија за Западен Балкан, од кои Македонија треба да добие 119.123 вакцини од компанијата Фајзер/БионТек.

Како што посочуваат од Министерството за здравство, масовната имунизација продолжува според старосната граница, критичната инфраструктура, но и сите лица кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mк, а вкупно на број се околу 170.000 граѓани. Вакцината на Синофарм ќе ја прими и министерот за здравство, Венко Филипче кој уште минатава недела изјави дека со тоа сака да даде пример дека сите вакцини се безбедни по здравјето на граѓаните.

Анита Буховски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија