ПОЧНАЛА НОВ ЖИВОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Што е поразлично од нејзината земја?
Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2017
Алиса Кекиќ од Хрватска дала отказ во својата родна земја и заминала во Германија.
Се доселила во Хеилброн, град со 100.000 жители за кој претходно не знаела многу. Но, вели дека работа има и тоа во сите сектори.
За својот нов живот во Германија, вели дека неколку дена ѝ било чудно, а кога влегла во супер маркет видела дека цените на храната се исти како и во Хрватска, а некои дури и пониски.
Вели дека во Германија не е срамота да се купува во Лидл или да се вратат шишиња за да луѓето добијат пари.
„Овде тоа е економично и рационално. Овде тоа не е секогаш потребно, но е од здрав разум. По купување на намирници седнав на кафе и видов дека никој не зборува за политика“ - вели оваа Хрватка.
Додава дека никој таму не зборува за плати, дека нема работа, дека не му се платени прекувремените часови.
Таа вели дека заминала од Хрватска затоа што не сака да биде дел од маса луѓе кои се надеваат дека „ќе биде подобро“.
За Германија вели дека е држава каде многу се работи и нема долги паузи. Кекиќ раскажува дека наоѓањето на стан оди тешко, но на крај секој добива онолку колку што може да понуди.