14 Декември, 2025
0.0310

Почнал повратот на ДДВ: За граѓаните 6,5 милиони евра, нема да има за тие што добија два пати во февруари

Објавено во: Финансии 12 Мај, 2021 13:03

Добивај вести на Viber

Околу 6,5 милиони евра ќе легнат на сметките на граѓаните од поврат на ДДВ месецов. Од Управата за јавни приходи за Фактор велат дека исплатата веќе почнала, иако поголем дел од потрошувачите реагираа дека прв пат и по истек на десет дена од месецот, нема исплата на повратот. Се враќаат пари за скенираните сметки во првото тромесечје односно во јануари, февруари и март. 

Во ова тромесечје граѓаните скенирале 67.255. 511 фискални сметки, а прометот изнесува 32.434.528.850 денари. Од УЈП информираат дека на сите ќе им се исплати 403, 5 милиони денари или околу 6,5  милиони евра. 

„Граѓаните може да се информираат на своите кориснички профили на Е-ПДД  за тоа до каде им е исплатата од МојДДВ  за соодветното тримесечје, односно дали и кога е извршена исплатата,  дали трансакциската сметка е во ред или е погрешна и како истата да ја коригираат  за да се реализира исплатата, велат од УЈП.

Инаку во февруари имаше граѓани кои добија поврат по два пати. Дел од нив ги вратиле парите, на соатнатите ќе им биде задржан износот сега. 

„Граѓаните на кои во февруари им се исплати поголем износ, ги вратија уплатените средства, а на оние граѓани кои не ги вратија ќе им биде задржан износот за поврат кој го очекуваат се` до целосна наплата на повеќе исплатениот износ, велат од УЈП.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи