18 Декември, 2025
0.2947

Почна закажувањето за брзите тестови: Нема потреба од консултација со матичен лекар, термините зафатени до 10. ноември

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020 14:51

Добивај вести на Viber

Денеска почна закажувањето за правење брзи тестови кои детектираат корона вирус, а интересот е толку голем што термините се пополнети до 10.ноември. Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор вели дека тестирањето почнува од понеделник од 8 часот.

-Изминатиов период е направена обуката на персоналот, а истовремено е направена споредба на овие брзи тестови со ПЦР-тестовите кои се прават во Институтот за јавно здравје и резултатот е идентичен. Цената на брзите тестови за Ковид-19 е 1.000 денари и огромна придобивка за граѓаните е тоа што нема потреба да се консултираат со матичните лекари, туку сами на своја иницијатива може да си закажат тестирање. Обично тоа го прават граѓаните кои не може да влезат во алгоритмот за тестирање во јавните здравствени установи, а сепак имаат некаков симптом на вирусот, изјави д-р. Исјановси.

Освен тоа, тој појаснува дека кај овие брзи тестови, пациентот ќе добие еден од трите можни резултати и тоа во рок од само 15-тина до 20 минути.

-Резултатот од брзиот тест може да биде негативен без симптоми, што значи дека пациентот е негативен на Ковид-19, резултатот може да биде негативен со симптоми и во овој случај мора да се направи и ПЦР тест, за да пациентот биде сигурен дали станува збор за корона вирус, или пак симптомите од брзиот тест се само некоја друга вироза, сезонски грип и така натаму. И третиот резултат, кој може да го добие еден пациент е тестот да биде позитивен, што значи дека тој е сигурно позитивен на Ковид-19. Станува збор за исклучително квалитетни брзи тестови на компанијата Абот, посочува д-р. Исјановски.

Инаку, денеска на првиот ден од закажувањето, освен што телефонот постојано ѕвони, а бројот е 02/2041625, граѓаните и лично доаѓаат во Поликлиниката Ѓорче Петров за да си закажат термин за брз тест. Пунктот е целосно подготвен и првите пациенти ќе бидат тестирани в понеделник од 8.часот.

-Набавени се 4.000 теста. На почетокот ќе работиме само прва смена до 14.30, што значи дека во текот на еден ден ќе бидат правени околу 12 тестирања. Ќе видиме каква ќе биде состојбата понатаму, доколку има интерес, каков што е сега и секако потреба, ќе гледаме да почне да функционира и втора смена за правење брзи тестови, вели за Фактор, д-р. Исјановски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје