24 Октомври, 2024
0.0276

ПОЧНА НОВАТА ТРГОВСКА ВОЈНА, ЕУ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ЗА КИНЕСКИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: Тарифи до 38 проценти

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) ги извести кинеските производители на електрични возила (EV) за дополнителни тарифи за нивните производи кои ќе стапат на сила на почетокот на следниот месец.

Според најавата, за автомобилите BYD во иднина ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, Гили 20 отсто, а SAIC (SAIC) 38,1 отсто.

Останатите кинески производители на автомобили ќе плаќаат давачки од 21 отсто, додека компаниите кои не соработувале во истрагата на ЕУ за субвенции очекуваат царина од 38,1 отсто.

Досега царините за увоз на кинески електрични автомобили изнесуваа 10 отсто.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно овој месец предупреди на последиците од ограничувањето на трговијата со Кина, велејќи дека Европската унија не треба да ги затвора своите пазари за странски компании.

Ако Кина возврати со реципрочни мерки, германските производители на автомобили како Фолксваген или БМВ ќе бидат најтешко погодени, пренесува Блумеберг.

„Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги брани своите законски права и интереси“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на редовниот брифинг во Пекинг.

Кина би можела да и возврати на Европската унија со мерки во областа на земјоделството, авијацијата и автомобилската индустрија, а Пекинг веќе започна истрага за некои видови европски алкохолни пијалоци.

Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари