Почна да учи на 94 години, се сретна со Брижит Макрон и почина како најстара ученичка во светот
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2022 18:08
На 94 години Присила Ситиени од Кенија реши да се школува, а сега почина како најстарата ученичка на светот со 99 години.
Нејзиниот внук, Сами Чепсирор, изјавил во четвртокот за дневниот весник The Standard, дека таа починала во средата во својот дом откако кај неа се развила торакална компликација.
„Гого имаше добро здравје и одеше в училиште се до три дена пред смртта, кога доби болки во градите, поради што мораше да го прекине учењето. Бевме многу горди на неа“, рекол внукот.
Ситиени имаше 94 години кога успеала да го убеди директорот на училиштето во нејзиното село во Големата раседна долина да ја прими во училиштето, што УНЕСКО го пофали како „пример за нејзината заедница и пошироко“.
Во интервју за УНЕСКО лани, Ситиени рече дека сакала да ги мотивира младите мајки во својата татковина да се вратат на училиште откако ќе родат деца наместо да се откажат од образованието.
Врз основа на нејзината приказна е создаден францускиот документарен филм „Гого“, благодарејќи на кој Кенијката лани ја посети Франција и се сретна со првата дама Брижит Макрон. Веројатно тоа беше првпат во животот да ја напушти татковината.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




