14 Декември, 2025
0.0481

ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ, НАШИОТ И ВАШ ФАКТОР, ОТСЕГА ДИРЕКТНО НА FAKTOR.MK - следете ги кај нас сите ексклузивни и релевантни бизнис и економски вести и информации

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 14:24

Добивај вести на Viber

Почитувани читатели, редакцијата Фактор, како и најголемиот број релевантни и професионални интернет портали во земјава, донесе одлука да излезе од агрегаторот на вести Time.mk. Односно, нашите информации повеќе нема да може да бидат агрегирани од тој пребарувач.

Нашиот став се темели на принципиелното размислување дека нашиот авторски труд пренесен низ бројните текстови, вести, анализи и ексклузивни информации објавени од Фактор.мк, треба да бидат почитувани и соодветно третирани.

А како што е познато, во Законот за авторски и сродни права, кој е неодамна донесен, за прв пат се воведува новинарско авторско дело, со што всушност се регулира обврската за почитување на авторскиот труд на новинарите и медиумските работници.

Почитувани читатели на Фактор, Вие кои 12 години сте заедно со нас и секојдневно и во сѐ поголем број ги следите нашите содржини, отсега па натаму, или се додека не се постигне праведен начин на агрегирање на нашите авторски текстови, ќе нѐ следите директно на нашата адреса Faktor.mk. Впрочем, многумина од Вас тоа и досега го правеа, бидејќи Вие добро знаете дека Фактор е меѓу ретките ексклузивни, економски писмени и релевантни економски портали во државава. И дека секогаш прв доаѓа до економските и бизнис информации кои Ве интересираат.

Оние од Вас, пак, кои некогаш поради недостиг на време или некои други причини сте ги наоѓале нашите текстови на пребарувачите, Ве обхрабруваме отсега па натаму директно да го посетувате нашиот сајт. Бидејќи, таму ќе откриете многу други интересни и атрактивни економски писанија, кои досега, едноставно не сте ги среќавале на пребарувачите, иако предничеле и по брзина на објавена информација, и по ексклузивност, и по релевантност. Верувајте дека нема да зажалите.  

Секако, нашите содржини ги објавуваме и на нашата Фан страница на Фејсбук, но и преку социјалната мрежа Инстаграм, па тоа се исто така адресите каде Ве покануваме да ги следите нашите текстови. Најновите вести може да ги следите и на нашата viber група. 

Фактор, почитувани читатели, повеќе од 12 години наназад, како медиум со главно бизнис предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. Доволен доказ за тоа е сѐ поголемиот број Ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно сѐ повеќе ни ја давате. Многу често нѐ фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да нѐ искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.

Уште една би сакале да Ве известиме дека ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели, некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување. Со нашите информации и теми сме успевале и тоа како да отвориме серозни и здрави дебати по одредено важно економско прашање, па често и сме помагале да се спречат потенцијални лоши економски политики, или, пак, сме биле гласот на разумот за тие да се подобрат.

Затоа, почитувани читатели, продолжете директно да го следите нашиот и Ваш Faktor.mk.

Нина Нинеска-Фиданоска

Главен и одговорен уредник на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина