Починаа четворица пациенти од ковид, 119 се новозаразени
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020 14:08
Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија од 1.325 теста, има 119 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје се регистрирани 35, 17 во Штип, 15 во Куманово, по осум во Битола, Гостивар и Кичево, пет во Демир Хисар, четири во Тетово, по три во Прилеп, Струга, Велес и Охрид, два случаи во Кавадарци и по еден случај во Крива Паланка, Кочани, Берово, Свети Николе и Ресен.
Според последната статистика починати четири лица во изминатото деноноќие. Три пациенти од Скопје на 65, 66 и 73 години и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст.
Институтот за јавно здравје информира дека 89 се оздравени, од кои 26 од Тетово, 22 од Скопје, 12 од Штип, десет од Куманово, по четири од Битола и Ресен, три од Кичево, по два од Пробиштип и Свети Николе и по еден од Струга, Велес, Демир Хисар и Кратово.
На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно е хоспитализиран 81 пациент. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани десет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.
„Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштуваат од МЗ.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




