14 Декември, 2025
0.0439

Почина Зоран Нарашанов, генерален директор и претседател на УО на Винер

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2022 17:37

Добивај вести на Viber

Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на „Винер - Виена Иншуренс груп“ Зоран Нарашанов, почина. По жалосната загуба на првиот човек на Винер, компанијата со своја објава на својот Фејсбук профил посочи на придонесот на Нарашанов за компанијата.


„In Memoriam – Проф. д-р Зоран Нарашанов

На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е.

Проф. д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи.

Во ВИНЕР нема да биде исто без него“, стои во објавата.


Нарашанов е доктор по економски науки кој магистрирал во областа на индустриско инжинерство и менаџмент. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка.

Во осигурителниот сектор се вклучува во менаџерскиот тим на Кјуби Македонија, каде успешно ги спроведе комплексните програми за централизација и подобрување на ефикасноста и профитноста на компанијата. Својата кариера ја продолжува како Главен Директор за човечки ресурси и право во АД Македонски Телекомуникации, придонесувајќи во развојот на повеќе програми од областа на човечките ресурси кои резултираа со импресивни деловни резултати и интензивно зајакнување на корпоративната култура на компанијата.

Следниот предизвик, г-дин Нарашанов го наоѓа во позицијата Генерален Директор и Претседател на Управниот одбор на Сигма АД – Скопје, каде воведувајќи целосно нова деловна филозофија успева во мошне краток временски период драстично да ги подобри резултатите на компанијата. Овие резултати се забележани од страна на менаџментот на Виена Иншуренс Груп, на чие задоволство г-дин Нарашанов останува Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на ребрендираната осигурителна компанија ВИНЕР - Виена Иншуренс-Груп. Во 2016 г-дин Нарашанов уште еднаш ја добива довербата на менаџментот на ВИГ, и го започнува својот трет мандат како прв човек на Винер, се наведува во неговата биографија објавена на веб страната на оваа осигурителна компанија. 

По објавата на компанијата за трагичната загуба, голем број пријатели и познаници се опростуваат од него преку социјалните мрежи.

Фото: Принскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија