Почина жената што падна од 6-ти кат во Бутел
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023 16:17
Почина младата жена која вчера попладне падна од 6-ти кат во скопската населба Бутел. Несреќата се случи во скопската населба Бутел, на улицата „Босна и Херцеговина“, а жената која во моментот била жива, но во многу тешка состојба, со возило на Брза помош беше однесена во болница.
„На 09.06.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачје на Бутел била пронајдена С.Д.(20) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени при пад од зграда. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала“, соопшти попладнево МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




