ПОЧИНА ИГОР ЈУГ, ОСУДЕН ЗА НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ - најблиските со емотивна објава „ЌЕ НИ ФАЛИШ ЗАСЕКОГАШ“
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2025 09:47
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12-години затвор.
Веста најпрво ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов. Како што пренесуваат медиумите, на Југ му се слошило додека бил дома поради влошено здравје.
Веста за смртта на Југ ја објави и неговата сопруга.
- Ве известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот сакан сопруг и татко Игор Југ почина денеска.
Погребот ќе се оддржи утре Сабота во 14 часот на Градските Гробишта Куманово
Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот.
Почивај во мир.
Те сакаме и ќе ни фалиш засекогаш - напиша Ивана Југ на Фејсбук.
Нејзината објава за кратко време предизвика бројни коментари, од кои најголемиот дел насочени кон поддршка за Игор Југ, со напомена дека за жал не ја дочека правдата.
По објавата дека Југ барал повторување на постапката се огласија од Кривичен суд.
- Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката - велат оттаму.
Фото: Принтскрин/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




