15 Декември, 2025
0.2703

„ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ЗА ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ“: Величковски од Народната банка за интеграцијата во СЕПА

Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2024 10:48

Добивај вести на Viber

Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), пред да пристапиме во ЕУ. Ова го најавува директорот на Дирекциајта за платни системи при Народна банка на Македонија, Игор Величковски. 

Тој итакнвуа дека Народната банка во соработка со релевантните државни институции, на крајот на април оваа година поднела барање до Европската комисија за неформална оцена на правната и функционалната еквивалентност на нашата регулатива со законодавството на Европската Унија. 

- По добивањето и разрешувањето на евентуалните забелешки, барањето ќе биде и официјално поднесено до Европскиот совет за плаќања. Со пристапот до СЕПА, домашните банки ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски деловни банки, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата - објаснува Величковски. 

Според него, со интеграцијата на земјава во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може на брз, безбеден и ефикасен начин да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и кон голем број земји коишто не се членки на ЕУ. Дополнува дека со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат и трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките коишто ги праќаат нашите граѓани од странство. 

- Пристапот до СЕПА ќе им овозможи на домашните банки да бидат учесници во платните системи, преку кои се извршуваат плаќањата во евра во оваа област, што ќе овозможи побрз и поевтин пренос на парични средства имајќи предвид дека комплексните кореспондентни аранжмани ќе бидат избегнати. Со директен пристап до платните системи, домашните банки ќе можат да ги намалат своите трошоци за извршување на плаќањата во евра - нагласи Величковски додавајќи дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите имајќи предвид дека најголемиот број од прекуграничните плаќања се извршуваат во евра.

Само за илустрација, минатата година преку банките во земјата, 87 проценти од вкупните одливни прекугранични плаќања, односно 77 отсто од вкупните приливни прекугранични плаќања се извршени во евра.      

Инаку, СЕПА брои 36 земји членки, меѓу кои 27 земји членки на Европската Унија, четирите земји членки на Европската асоцијација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и Обединетото Кралство, како и неколку други држави (Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан).

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари