14 Декември, 2025
0.3283

Побрзајте, остануваат уште неколку дена за пријавување на HalkEco Скопје Трча 10КМ!

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2025 11:45

Добивај вести на Viber

На 11 мај со почеток во 09.00 часот ќе се одржи традиционалната улична трка HalkEcoСкопје Трча 10КМ, а заинтересираните имаат уше само осум дена да се пријават за учество во трката. Пријавувањето може да се направи преку официјалната веб страница, а секој љубител на трчањето ќе има шанса сè до 30.04.2025 (во 23:59 часот) или до пополнување на предвидениот број учесници, да се пријави преку сајтот на HalkEcoСкопје Трча 10КМ, односно на следниот линк:https://www.skopje.run/page5.html.На денот на трката не е можно пријавување.

При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона. На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Таргет времињата се следни:зона 1 - таргет време под 45:00, зона 2 - таргет време од 45:01 до 50:00, зона 3 - таргет време од 50:01 до 55:00, зона 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00 и зона 5 - таргет време над 1:00:01.

Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на веќе препознатливата локација, - пред фонтаната Лотус во Скопје, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката. Должина на патеката е 10.000 метри, која се трча во еден круг со старт и цел на исто место.

Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката.

Организаторот на трката Сојуз на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето, да се пријават и да земат учество на овој спортски настан. 

Насловен спонзор на HalkEcoСкопје Трча 10КМ e Халк Банка, а покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, со огромна помош и поддршка од верните спонзори и партнери.  

Успешната приказна СКОПЈЕ ТРЧА започна 2017 год, која беше организирана со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки, при што заедно со спортистите целта е да се подигне свеста за активен живот на граѓаните. Оваа трка годинава ќе го има своето седмо издание, со што СКОПЈЕ ТРЧА веќе станува традиционална трка, со тенденција да биде организирано поуспешно издание од претходното.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија