19 Април, 2024
0.0306

ИНТРЕВЈУ СО ДЕКАНОТ ПЕТРУШЕВСКИ И ПРОФ. КАЛАНТАРИДИС

По завршување на образовниот процес на Лондон МЕТ секој од студентите ќе го најде вистинското место на пазарот

Објавено во: Интервјуа 16 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Крајот на годинава завршува со свечена церемонија за првата генерација студенти на престижниот Skopje Metropolitan College. На оваа тема зборуваме со деканот Љубиша Петрушевски. 

1.Произлезе првата генерација дипломирани студенти на Skopje Metropolitan College,  колкав беше предизвикот во првите три години од постоењето?

Скопје Метрополитан Колеџ е формиран како посебна образовна институција со единствена цел да изведува програми на Лондон Метрополитан Универзитетот, во главниот град на С. Македонија, Скопје.

Новоформираниот колеџ веќе 3та година  ја реализира почетната мисија на основачите да им понуди можност на студентите во С. Македонија и во регионот да студираат дома под водство и партнерство на најпочитуваниот универзитетски систем во светот.

Лондон Метрополитaн Универзитет - попознат како Лондон Мет, е државен универзитет одЛондон, Англија. Корените на оваа институција датираат од 1848 година, и со тоа овааинституција е една од најстарите образовни институции во Лондон.

Ова претставуваисториски момент за македонското образование бидејќи по прв пат на локалниот образовен

пазар се вклучува институција од најстариот и најценетиот во светски рамки образовен системво светот.

Македонскиот образовен пазар веќе ја осознава важноста на едно вакво партнерствои ја утилизира оваа можност за која сонуваа генерации и генерации на поранешнистуденти.

2. Има ли заинтересираност за студирање на Skopje Metropolitan College, особено поради фактот што огромен број од матурантите во Македонија сакаат да студираат надвор од земјава?


Сите студенти кои сакаат да работат на реномирани позиции  во земјава и светот секако дека ќе ја препознаат разликата што ја добиваат со дипломата од Скопје Мет, а тоа го потврдува и фактот што бројката на запишани студенти секоја година расте.

Со запишување на Скопје Мет секој студент сега добива можност да студира во Скопје, и да добие престижна британска диплома.

Како дополнителна вредност, Скопје Метрополитан им овозможува на сите свои студенти, да слушаат дел од наставата во текот на летниот период, на специјални летна школа  во Лондон.

3. На кои програми дипломираше првата генерација студенти?

Првата генерација студенти што комплетно го почна и заврши комплетниот циклус на едукација во Скопје,се студенти на програмата  Мастер за Бизнис Администрација.

МБА програмата на Лондон Мет е специјално дизајнирана за да биде релевантна со тековниот деловен пазар и ги подготвува студентите за лидерска улога во мултинационални компании,или да креираат сопствен бизнис.

Фокусот на програмата е константно подобрување на  комплексните  вештини за решавање проблеми, донесување одлуки во несигурни времиња и со нецелосни податоци, како и развивање способности за критичко размислување.

Покрај ова, особен фокус е ставен и на подобрување на  основните „меки“ вештини потребни на менаџерите и лидерите како што се комуникација, преговарање, вмрежување и градење тим.

Клучен елемент на нашата МБА програма е фокусот на развојот на технологијата и глобалната политика во тековниот нестабилен и неизвесен деловен свет, како и влијанието на забрзувањето на климатските промени и решавањето на општествените проблеми на одржлив начин.

Преку увид во пошироката улога на бизнисите во модерното бизнис опкружување,
Мастер студиите се насочени кон разбирање и усовршување на етичкото управување и критичко размислување, со единствена цел подготовка за возбудлива кариера во иднина.


4. Каква е нивната понатамошна перспектива, дали на Skopje Metropolitan College има магистерски и докторски студии и дали лесно им се отвораат вратите на светот?

Програмите на Лондон Мет се специјално дизајнирани за да бидат релевантни со тековниот деловен пазар и ги подготвуваат студентите за лидерска улога во мултинационални компании,или да креираат сопствен бизнис.

Кога зборуваме заквалификациите, постојат два специфични атрибути на квалификацијата во Британскиот образовен систем во однос на на дипломираните студенти, а тоа е глобалното признавање на квалитетот на наставата.
Квалификациите во Обединетото Кралство се признати ширум светот како најригорозни поради процесот на обезбедување квалитет што го управува академската заедница, наместо политичките влијанија кои се поважни во другите земји.
Затоа ова ни дава можност да дизајнираме квалификации кои се релевантни за светот на бизнисот.

Проф. Христос Калантаридис од Лондон МЕТ вели дека е среќен што Лондон МЕТ е присутен во нашата земја. 

1.Лондон МЕТ во своето долгогодишно постоење разви една глобална мрежа која бележи успех на полето на едукацијата на повеќе континенти. На наше големо задоволство Лондон МЕТ од 2020 година е присутен и во Македонија. Што беше пресудно да го изберете Скопје пред останатите балкански градови, на пример Белград, Загреб, Тирана...

Скопје Метрополитан Колеџ е формиран како посебна образовна институција како дел од Еуро Колеџ Куманово, со единствена цел да изведува програми на Лондон Метрополитан Универзитетот, во главниот град на С. Македонија, Скопје.

Скопје Метрополитен Колеџ како валидиран партнер на Лондон Мет  има за цел да го искористи и пренесе целото  претходно знаење, експертиза и искуство во водење слични курсеви со различни британски високообразовни институции во минатото, од кои најзабележителни се CMI (Chartered Management Institute), London City College и Кенсингтон колеџ за бизнис.

Репутацијата на оваа високо образовна институција уште од почетокот на своето работење и огромното искуство  стекнато во претходна соработка со британскиот образовен систем беше еден од решавачките фактори за соработка.

2. По дипломирањето студентите се стекнуваат со британска диплома, дали тоа значи како всушност да студирале во Велика Британија на овој државен Универзитет?

Сите студенти кои студираат на Скопје Метрополитен  се запишани на Лондон Метрополитан Универзитетот, што значи ги уживаат истите поволности и добиваат иста идентична диплома, како и секој друг студент во било која друга партнерска институција на Лондон Мет.


3. Кои се начините, методите на настава, дали се работи по британски стандарди и дали на нашите студенти им предаваат професори од Велика Британија?

Сите предавања се изведуваат согласно британските стандарди и професорите се со искуство и дипломи од престижни универзитети од Европа и светот кои уште од самиот почеток мора да бидат одобрени од страна на Лондон Мет.

Самиот начин на изведување настава како и методите се согласно стандардите на Лондон Метрополитен Универзитетот.

4. Дали по целосното завршување на образовниот процес на Лондон МЕТ, значи додипломски, постдипломски студии, студентите од Македонија се конкуретни на пазарот во Велика Британија, но и во останатите земји, ширум светот?

Секако дека по завршување на образовниот процес на Лондон Мет секој од студентите ќе го најде вистинското место на пазарот, а за тоа зборува и фактот дека 97 проценти од завршените студенти на Лондон Метрополитан се вработуваат во  по само шест месеци од нивното дипломирање.

Истото се однесува и за студентите од Македонија кои студираат на нашите програми.

Во моментот Скопје Метрополитан нуди додипломски и постдиполомски студии во 3 области:
-Бизнис Администрација

-Сајбер Безбедност

-Евент Менаџмент и Туризам

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“