05 Декември, 2025
0.0496

ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Се носи закон со кој ќе се олесни работењето и мобилноста на странците во земјава

Објавено во: Економија 05 Мај, 2021 07:55

Добивај вести на Viber

Владата има намера да го олесни работењето на странците во земјава, но и да ја подобри мобилноиста на странските граѓани кои работат во македонските компании. Исто така, ќе биде овозможено странците кои тука ќе работат, да се пријавуваат по електронски пат.

Сето ова е предвидено во измените и дополнувањата на Законот за вработување и работа на странци. Предлагач на овие законски измени е Владата, а претставник е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Како што е познато, Собранието во 2015 година донесе Закон за вработување и работа на странци, со кој се обезбеди поголема усогласеност на нашето законодавство со она на Европската унија. Со законот се уредуваат условите и начинот под кои странците може да се вработуваат и да работат во земјава, односно условите за издавање на работните дозволи, видовите на дозволи, како и постапката на нивно издавање. Се уредуваат и условите за прекугранично давање на услуги од странски компании, преку упатување на работници во филијали и здруженија на странски компании во земјава, како и сезонската работа на странци, работа од страна на странски претставници во компании и самовработување на странци во Македонија. 

Но, откако во 2015 година е донесен Законот за вработување и работа на странци, во изминативе околу пет години од неговата практична примнена биле согледани и одредени слабости. Со цел тие да се надминат, а пред се поради заштита на интересите на странците, како и препораките кои произлегле од бизнис заедницата, Министерството за труд и социјална политика сега ќе го менува законот.

„Со предложените измени се овозможува зголемена мобилност на странските работници кои веќе имаат засновано работен однос во земјава, од еден правен субјект во друг правен субјект на иста или повисока работна позиција, доколку станува работа за ист работодавец. Исто така се зголемува опфатот на краткотрајни услуги кои се реализираат во период до 60 дена, а за кои не е потребна работна дозвола со услуги за сервисирање и одржување на машини, средства или опрема и услуги за обука на работно место како и за услуги кои не се во можност да се обезбедат од постојната работна сила во државата“, се вели во образложението на предлог законските измени.

Предложените измени воедно овозможуваат постапките за пријава на работа на странецот со кој се заснова работен однос, да може да се изврши електронски, доколку работодавачот поседува дигитален сертификат. 

Всушност, како што објаснуваат предлгачите, откако ќе се воведат овие законски измени, ќе се намалат роковите за издавање на соодветните типови на работни дозволи, ќе се олесни постапката за краткотраен работен ангажман на странците и ќе се подобри мобилноста на странците вработени во компании во земјава. Со измените се даваат и одредени исклучоци во поглед на зголемување на периодот за упатените работници кои извршуваат главни функции, врз основа на што го регулираат својот престој во државата, се доуредува прашањето  на пријавување на работниот ангажман на странци по службена должност, како и воведување на институтот порамнување по однос на изречена прекршочна санкција, при што предложените измени не предизвикуваат никакви последици.

Овој Закон власта планира да го донесе по скратена постапка, бидејќи, како што објаснуваат, не станува збор за сложен и обемен закон.

Меѓу другите работи што се додаваат со законските измени е и дека ако работодавачот заради некоја причина не успее да го заснова работниот однос во рокот или го прекине работниот однос со странецот пред истекот на важноста на работната дозвола, должен е во рок од 30 дена од престанокот на вршење на дејноста односно од незасновањето на работниот однос, да ја врати работната дозвола на органот кој ја издал. Самовработените лица, кои престанале да ја вршат дејноста пред истекот на важноста на работната дозвола, должни се истата да ја вратат во рок од 30 дена од престанокот на вршење на дејноста.

„Регистрацијата на работата која ја извршуваат странци е задолжителен услов кој важи за сите странци кои врз основа на одредбите на овој или друг закон се вработени или работат во Македонија“, се нагласува во законските измени.

Лицето кое е одговорно за пријавувањето на почетокот на работата на странецот, пријавувањето може да го изврши покрај во Агенцијата за вработување и во надлежната подрачна служба на Агенцијата, која претходно ја има издадено работната дозвола или мислењето и на чие подрачје ќе се извршуваат работите.

Доколку одговорното лице во рок од 90 дена од денот на издавањето на работната дозвола односно позитивното мислење за исполнетост на условите не го пријави почетокот на работата на странецот, се смета дека со него не е заснован работен однос или склучен договор за работа, за што Агенцијата за вработување го известува Министерството за внатрешни работи.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?