26 Април, 2024
0.0798

По шест години предистражна постапка! Обвинителот му наложи на МВР да утврди како „Таргет Груп“ му „влегувал“ во базите на Централен регистар

Објавено во: Економија 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Надлежниот скопски основен јавен обвинител му нареди на секторот за компјутерски криминал во МВР да утврди колку пати „Таргет Груп“ влегол во базите на ЦРМ, какви податоци земал, во колкав обем и колкава е нивната вредност. По анализата на МВР ќе се знае дали обвинителот по шест години од кривичната пријава ќе формира обвинение против „Таргет Груп“ кој со години наназад обработува и препродава податоци на Централниот регистар, а за кои оваа државна институција тврди дека тие не дале одобрување податоците да се превземаат, обработуваат и препродаваат

Каков епилог ќе има предистражната постапка во која државната фирма Централен регистар шест години наназад обвинува дека и се крадат податоци и се препродаваат за пари без нивно овластување?

Ова е суштината на маратонската предистражна постапка која досега трае цели шест години. Најинтересно е тоа што токму МВР по пријава од Централниот регистар утврдил дека има елементи на кривично дело и поднел пријава за компјутерски криминал во кој има индиции дека „Таргет груп“ неовластено превзема податоци од базата на Централниот регистар кои потоа ги обработува и препродава на трети лица под комерцијални услови кои сам ги дефинира, а за тоа нема одобрување од Централниот регистар.

„Фактор“ внимателно го следи овој случај подолго време и прв пишуваше за обвинувањата на Централниот регистар спрема фирмата „Таргет груп“. На јубилејот – шест години од отворањето на предистажната постапка упативме прашање до скопското ОЈО со следнава содржина: - Изминува шеста година од поднесување на кривична пријава од Центраен регистар против Таргет Груп. Дали уште трае предистражната постапка? И ако трае зошто поконкретно е тоа така, што се прибавува шест години?

За пофалба е брзината на реакцијата на прес-службата на скопското Основно јавно обвинителство, а одговорот го пренесуваме интегрално:

- Надлежниот јавен обвинител, согласно обезбедените докази во предметот, издаде Наредба до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР да изврши анализа на бројот на навлегувања во базата на Централниот регистар, обем на повлечени податоци и вредноста на податоците кои се прибавени на овој начин. Откако ќе бидат доставени резултатите од нареденото вештачење, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошното постапување.

Најинтересно е токму тоа што Централен регистар во далечната 2016 година пријавил во МВР дека се сомнева на неосновано превземање податоци кои потоа без нивно одобрение се препродаваат во обработена форма.

При тоа токму МВР утврдил дека има основани сомневања за сторен криминал и поднел кривична пријава до МВР. И од тогаш, август 2016 година, до сега скопското ОЈО тој предмет го држи во предистражна постапка.

Од ЦР дури наведоа дека во повеќе наврати превзеле мерки да ги заштити другите државни органи и институции, од според нив, злоупотребите на „Таргет груп“. Конкретно, ЦР реагирал во случаи кога државни институции распишувале тендери на кои Таргет Груп ДОО се јавува како економски оператор кој ги нуди податоците кои исклучиво Централен регистар ги води во своите регистри.

При тоа, без исклучок, државните институции реагирале така што по реакцијата на ЦР ги поништувале постапките за набавка на такви услуги на кои се јавувал „Таргет груп“.

Повеќе детали на темата се достапни на следните линкови:

https://faktor.mk/-go-gleda-li-skopskiot-obvinitel-kriminalot-shto-mvr-go-videl-vo-data--bazite-na-target-grup

https://faktor.mk/kako-centralen-registar-se-brani-od-target-grup-dodeka-go-cheka-obvinitelstvoto-da-reagira

https://faktor.mk/target-grup-i-biznis-mreza-zloupotrebuvaat-podatoci-od-centralen-registar-dobija-krivichna-prijava

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија