17 Мај, 2024
0.0289

ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД СТРАДА СРЦЕТО КАЈ ПАЦИЕНТИ БЕЗ ПРЕТХОДНИ КАРДИО ЗАБОЛУВАЊА: Професор д-р. Сидовска за Фактор

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

И обичниот сезонски грип во некои случаи кај пациентите знае да остави последици на срцето во форма на воспаление. Истото тоа се случува и при корона вирусот, односно поради вирусната инфекција страда срцето кај млади пациенти кои претходно немале срцеви заболувања, но настануваат доколку се заразат со ковит и прележат тешка ворма на болеста, вели утринава за Фактор, професор д-р. Билјана Сидовска, една од најеминентните кадиолози во Македонија.

Професор Сидовска појаснува дека состојбата на белите дробови кои се најпогодени од корона вирусот, не може а да не остават и последици на срцето, но и на другите органи.

-Нивото на заситеност на крвта со кислород едноставно не може а да не се одрази и на другите органи во човековото тело и секако на срцето посебно. При тешка клиничка слика, при ниска сатурација со која се манифестира заболувањето на Ковид-19 се создаваат компликации на миокардитот. Станува збор за срцево воспаление кое по тешко прележан Ковид-19 е со трајни последици, потенцира професор Сидовска.

Истовремено, таа нагласува дека пак, луѓето кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми се најризичната група и тоа пред се оние со срцева слобост, дилатирана кардиомиопатија, хипертензија, потешки форми на аритмии.

-Дури 70 проценти од повозрасните страдаат од хипертензија, односно висок крвен притисок, а особено и поради возраста имаат и други здравствени состојби заради што корона вирусот е погубен за нив, вели професор Сидовска. 

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање