09 Мај, 2024
0.0256

По петти пат: Скопскиот аеродром добитник на ASQ-наградата за квалитет на услугите

Објавено во: Економија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Светски реномираната организација Меѓународен совет на аеродроми (Airports Council International) објави дека Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2019 година, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа според искуството на патниците, во категоријата „аеродроми со број на патници од 2 до 5 милиони годишно“.

Ова е петти пат како Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award). Претходните ASQ-награди од ACI, беа добиени за2012, 2013, 2015 и 2018.


ACI ги објави добитниците на светски реномираната награда од Програмата за квалитет на аеродромски услуги денеска, на 9 март 2020 година, во своето седиште, во Монтреал, Канада. Програмата за квалитет на аеродромските услуги на ACI ги препознава аеродромите низ светот што обезбедуваат најдобро искуство за патниците, според нивното мислење.

Ова е 5. пат како ја добиваме оваа одлична вест од ACI, дека Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на престижната награда за квалитет на аеродромските услуги за 2019 година. Задоволни сме и горди, што ги споделуваме овие информации пред македонската јавност, затоа што наградата ASQ е глобален репер за совршеност на аеродромите.Со надминувањето на бројката од 2 милиона патници во една година во 2018 година, почнувајќи од 2019 година, скопскиот аеродром се натпреварува во друга категорија според големината, односно во категоријата од 2 до 5 милиони патници.Ова автоматски значи и посилна конкуренција, но и покрај тоа, сепак ја освоивме наградата, што го докажува високото ниво на задоволство на нашите патници.Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени за нивниот труд, на нашите сестрински компании БТА (храна и пијалаци), АТУ (безцаринска продавница), ТАВ МОС (PrimeClass & Комерцијални услуги), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги) и Еуроклин (услуги за одржување хигиена), како и на Полицијата и Царинската управа, како државни органи, присутни на аеродромот со нивните услуги - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.


Програмата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality) на Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) е водечка програма на глобално ниво за квалитет на аеродромските услуги за патници и референтна точка, што го мери нивното задоволство низ 37 клучни индикатори за успешност. Програмата се спроведува од страна на ASQ-сертифицирани агенти за спроведување анкети, додека патниците се на аеродромот, преку прашалници на ACI за квалитетот на аеродромските услуги.

- Наградите оваа година одат кај разновидна група на аеродроми добитници, што ја илустрира посветеноста на целата индустрија за обезбедувањето исклучително искуство на патниците. Обезбедувањето подобро искуство на патникот е важна деловна стратегија во сè поконкурентна аеродромска индустрија.Глобалната програма на ACI за ASQ е единствената што не само што ја препознава извонредноста, туку и на аеродромите им обезбедува објективно мерење и референтни мерки за да им помогне да ги придвижат нивните перформанси, односно квалитетот и ефикасноста во работењето - изјави генералниот директор на ACI World, Ангела Гитенс.

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата за 2019 година од ACI, во панел од 18 аеродромиво европскиот регион, во категоријата „аеродроми од 2 до 5 милиони патници“.

Аеродромите добитници на ASQ наградата за 2019 ќе добијат плакети од страна на ACI на церемонија по повод доделување на наградите за квалитет на аеродромските услуги, што ќе се одржи за време на Глобалниот самит за искуство на клиентите на ACI, во Краков, Полска, во септември 2020 година. 

Откако ја заврши 2019 година со 2,7 милиони патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со пораст од 14 проценти на годишно ниво, ТАВ Македонија продолжува да бележи зголемување во бројот на патници и во 2020 година.Јануари го заврши со речиси 184 илјади патници, односно 15% годишен пораст, на двата аеродрома.


Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?