19 Април, 2024
0.0279

ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН, ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ, ШАБАНИ, ЗА ФАКТОР: Очекуваме да си го наплатиме побарувањето од стечајната маса на Еуростандард

Објавено во: Финансии 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако Уставниот суд донесе одлука да го преиспита ставот 3 член 163 од Законот за банките, со кој Фондот за осигурување на депозити има предност при наплатата на средствата кои ги дал за обештетување од стечајната маса, сега повторно сите погледи се вперени кон оваа висока судска инстанца. Прашањата што си ги поставува финансиската јавност, а пред се штедачите на Еуростандард банка, кои и ја покренаа оваа иницијатива пред Уставниот суд, е каква одлука ќе донесе судот, односно дали тоа ќе биде укинување или поништување на спорниот став, или, пак, одлука за запирање на постапката, со што овој став би останал „во живот“.

Од Уставниот суд за Фактор објаснуваат дека пред да ја донесе конечната одлука, на судот ќе му треба сигурно период од еден месец. Сега предметот се уште е во прва фаза, кога кон овој законски член е изразен само сомнеж и е поведена постапка. Потоа ќе се чекаат одговори на донесениот акт од Владата и од Собранието, кои и не мора да ги досават, по што ова прашање судот повторно ќе го стави на дневен ред и ќе ја донесе конечната одлука.

„Одлуката може да биде укинување или поништување, а може да биде и запирање на постапката, што значи дека тој член останува во живот. Ако се донесе одлука за укинување, тоа значи дека таа ќе важи од моментот кога е донесена па понатаму во иднина, што значи дека тој член нема да постои, но почнувајќи од моментот кога е одлучено, што значи дека нема да може да има ретроактивно дејство. Додека, пак, ако се донесе одлука за поништуивање, тоа значи дека одлуката ќе важи и наназад, односно ретроактивно, како тој член никогаш да не бил донесен, да не постоел“, објаснуваат од Уставниот суд.

Но, од судската пракса се гледа дека досега ретко се носеле одлуки за поништување.

Инаку, судот кој одлучли да го преиспитува спорниот член, не донесе и одлука за времена мерка за запирање на постапката, што значи дека целиот стечај и наплатата од стечајната маса ќе продолжат да си течат како и досега, се до конечната одлука на судот.

Како што е познато, пред многу кус период Уставниот суд одлучи за истиот овој спорен член да не поведува постапка за преиспитување, но сега уставните судии ја сменија својата одлука.

Фактор го праша Фондот за осигурување на депозити, како ја коментира ваквата последна одлука на Уставен суд.

Директорот на Фондот, Амир Шабани, за Фактор вели дека ФОД очекува дека ќе си ги наплати парите од стечајната маса на Еуростандард банка.

Инаку, тој веста дека Уставниот суд донел одлука да поведе постапка заоценувањенауставноста, ја примил од медиумите.

„Донесените судски одлуки не се коментираат, па во однос на ова прашање немам коментар“, вели Шабани.

Каква конечна одлука ФОД очекува дека ќе донесе Уставен суд и какви ќе бидат следните нивни чекори?

„ФОД е основан од државата и е во сопственост на државата. ФОД е специјализирана небанкарска и небуџетска финансиска организација, која врши дејност на осигурување и преставува еден од столбовите на финансиската стабилност во државата. Следствено на ова што го кажав, секоја промена или одлука која би значела измена на законската регулатива, најпрвин ќе се разгледува од наша страна, односно од органите на управување, а и на повисоко ниво во Мминистерството за финансии, кое воедно и е предлагач на измените на законот за Фондот“, објаснува Шабани.

На прашањето дали ако се оцени дека тој член е неуставен, ФОД ќе треба да се откаже од тие пари кои ги очекувал од стечајната маса, односно дали ФОД веќе има одредена наплата од стечајната маса, и ако има, дали ќе ги врати средствата, Шабани потенцира дека Фондот за осигурување на депозити, како правно лице, со пријава, во законскиот рок, а согласно Законот за стечај, го пријавил своето побарување кон должникот Еуростандард банка во стечај, а тоа било утврдено и со правосилно Решение од Основен граѓански суд Скопје.

„Правото на Фондот за осигурување на депозити како стечаен доверител не беше оспорено од други доверители, а стечајниот управник во стечајната постапка утврди дека истото е основано и го призна пријавеното побарување на Фондот, така што, секако Фондот очекува да си го наплати пријавеното побарување од стечајната маса на Еуростандард банака во стечај. Фондот како најголем доверител во стечајот на банките, средствата секогаш ги распределува во Фондот за резерви, кој се користи исклучиво за обесштетување на депонентите во банките и штедилниците кај кои настанал ризичен настан. Доколку Фондот го намири своето побарување (делумно или целосно) од стечајната маса на банката во стечај, паричните средства повторно се враќаат во резервниот фонд на сигурност во Фондот, и сè на располагање на сите депоненти во банките и штедилниците - членки на Фондот, со цел истите да бидат заштитени“, дециден е првиот човек на Фондот за осигурување на депозити.

Дали ФОД, доколку конечната одлука на Уставен суд е дека тој член е неуставен,  ќе им ја зголеми премијата на банките кои ја уплаќаат во Фондот, а сега изнесува 0,25 отсто од вредноста на депозитите?

Директорот Шабани објаснува дека во случај да дојде до намалување на средствата на Фондот под законски утврдениот минимум од 4 отсто, тогаш на Фондот му стои на располагање законскиот механизам за зголемување на премијата која ја наплатува од членките, која во моментот изнесува 0,25 отсто годишно од вкупните депозити во секоја банка, филијала на странска банка и штедилница.

„Вкупните парични средства на Фондот изнесуваат 4,9 отсто од вкупните депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците во државата, што е над законски утврдениот минимум од 4 отсто. Дали ќе се донесе таква одлука, зависи од многу фактори, така што однапред е непрофесионално и не постои можност да се предвиди дали и каква одлука ќе се донесе“, потенцира првиот човек на ФОД.

Тој нагласува дека ФОД депонентите - физички лица од Еуростандард, заклучно со 28.февруари ги обештетил во износ од 3,6милијарди денари (близу 58 милиони евра) што преставува 86,04 отсто од вкупниот проценет трошок на обесштетување во износ од близу 68 милиoни евра.

Инаку, директорот на ФОД, Шабани, тврди дека функционирањето на системот за осигурување на депозити во Македонија во голем дел е усогласен со Директивата на ЕУ за гарантни шеми за осигурување на депозити.

Во сите држави во Европа и светот, а во зависност од економската сила на банкарските системи, се определува и максимален износ на обесштетување на депозити при настанување на ризичен настан. Највисокиот праг на обесштетување во најразвиените земји изнесува 100.000 евра, во поранливите економии 50.000 евра и помалку, на пример Албанија е со 20.000 евра, а во најмоќната држава, САД тој праг изнесува 250.000 американски долари.

„Ниту една држава на светот не може да понуди, ниту да овозможи исплата на целосно обесштетување на депозитите на депонентите во банкарскиот систем. Понудениот праг на обесштетување на депоненти при настанување на ризичен настан треба да послужи за рамка во која треба да се размислува при депонирање на паричните средства во банките и нивна соодветна распределба, согласно ризикот кој депонентот е подготвен да го сноси“, вели директорот на Фондот за осигурување на депозити.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете