27 Април, 2024
0.0430

По невремето во Преспа, ќе има ли работници и ќе има ли што да соберат од овоштарниците?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 24 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Неизвесно е дали и оваа есен ќе има работници за да ги соберат јаболката од овоштарниците во Преспа, регион кој неодамна го зафати невреме со град.

Бројката на заболени од коронавирусот расте, а од текот на епидемијата и рестрикциите ќе зависи и бербата затоа што освен локални жители, во бербата на јаболка се вклучуваат и сезонци од Албанија. Љубе Пампулески, претседател на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен вели дека овошките кои се близу до планината Баба имаат претрпено најголеми штети. Дел од јаболката се уништени, а оние кои не се зафатени од невремето имаат добар квалитет. Климатските промени од година во година им задаваат сѐ поголеми удари на производителите на јаболка. Се соочуваат со суши, невреме, град, мразеви. Пампулески објаснува дека бербата треба да почне околу 20 септември, а во регионот вообичаено се потребни од 1.000 до 2.000 берачи.

„Бројките на заболени растат во Ресен, Битола, следиме што се случува и неблагодарно е да кажеме што ќе се случува за месец дена. Не можеме да предвидиме каква ќе биде состојбата со вирусот, а голем дел од луѓето доаѓаат од соседна Албанија. Млади има сѐ поретко, а доаѓаат луѓе на возраст од 40, 45 па до 60 години, и тоа се оние кои не заминале за Грција или Италија. Оваа година ќе имаме селективна берба. Лани имавме долга берба со помалку работници, се внимаваше на хигиената, носењето на маски, работа на отворено за да се заштитиме“, вели Пампулески.

Додава дека до 1 ноември родот треба да биде собран. Дневниците на работниците ќе варираат зависно од понудата и побарувачката на пазарот на труд.

„Дневниците обично се движат од 1.000 до 1.500 денари, но кога нема работна сила, како што се покажало во други сектори, таа ќе изнесува 1.500 денари. Што се однесува до цената на јаболкото по килограм,  за прва класа таа да биде 15 денари за да ни се исплати трудот на нас овоштарите“, рече Пампулески.

Додава дека овој регион од Македонија произведува од 80.000 до 150.000 тони јаболка годишно. Како јаболкото ќе биде пласирано во пандемиски услови зависи и од рестрикциите и дали ќе имаме отворени граници. Пампулески потсетува дека до 27 август, овоштарите кои имаат штети на насадите истите треба да ги пријават во општината за обештетување.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“