ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024 10:44
Промена на времето, и намалување на температурите од понеделник најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Како што објави на неговата веб страна „Метеоаларм“ од понеделник ќе дојде до промена на времето во Македонија.
- По екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули - нагласува Попоски.
Тој додава дека потпросечни температури следната седмица се очекуваат и во поголем дел од регионот. Според него, во Алпскиот регион е можна и појава на снег, особено на највисоките места, кон крајот на месецов или на почеток на август.
- Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат и условите за појава на локални временски непогоди - нагласува Попоски.
Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во Македонија, вели Попоски.
Фото: Принтскрин/МетеоалармМожеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




