21 Септември, 2023
0.0282

По еден месец од авионската несреќа, пронајдени живи децата од Колумбија во прашумите на Амазон

Објавено во: Свет 10 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Четири деца се пронајдени живи, еден месец по авионската несреќа во колумбискиот дел од прашумите во Амазон. Оваа информација ја соопшти претседателот на Колумбија, Густаво Петро.

Тие се браќа и сестри на возраст од 13, девет, четири и една година. Во авионот биле со мајка им, пилотот и копилотот. Несреќата се случи на 1 мај, а сите останати загинале.

Петро рече дека пронаоѓањето на децата е радост за целиот свет, а денот кога биле пронајдени децата го нарече магичен ден. Тој тврди дека децата биле сами и верува дека нивниот опстанок ќе остане во историјата.

„Денес овие деца се деца на мирот и деца на Колумбија“, додава тој.

Тој објави и фотографија на која се гледа како припадници на војската и староседелците им помагаат. Колумбискиот претседател истакна дека им била укажана лекарска помош и дека разговарал со нивниот дедо, кој рекол дека „ги вратила мајката џунгла“.

Авионот Цесна 206, во кој децата биле со нивната мајка, летал од Амазонската провинција Арарачура до градот Сан Хозе дел Гуавиаре. За време на летот беше издадено предупредување за дефект на моторот.

На местото на несреќата се пронајдени телата на три возрасни лица. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на информации од властите, објави дека децата излегле од урнатините и отишле во прашумата барајќи помош. Следуваше голема потрага по нив. Пронајдени се предмети што ги оставиле децата - шише за бебиња, ножици и импровизирано засолниште. Откриени се мали стапалки, поради што спасувачите веруваа дека ја преживеале авионската несреќа.

Децата припаѓаат на домородниот народ Хуито и членовите на овој народ се надеваа дека нивните вештини за наоѓање овошје и преживување во џунглата ќе им дадат подобри шанси за преживување. Самите домородци ги барале, а пораката на нивната баба, снимена на јазикот на народот Хуито, била емитувана преку разгласот на хеликоптерот, барајќи од нив да престанат да се движат за полесно да се лоцираат.

Колумбискиот претседател беше критикуван откако минатиот месец на Твитер објави дека децата се пронајдени. Тој ја избриша оваа објава, бидејќи се утврди дека тогаш не се пронајдени, јавува Би-Би-Си.


Можеби ќе ве интересира

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз

NEURALINK НА ИЛОН МАСК БАРА ЛУЃЕ СО ПАРАЛИЗА: Ќе се тестираат мозочните импланти

NEURALINK НА ИЛОН МАСК БАРА ЛУЃЕ СО ПАРАЛИЗА: Ќе се тестираат мозочните импланти

ЛАВРОВ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК: Прва посета од почетокот на конфликтот во Украина, ќе седне на иста маса со Зеленски (ВИДЕО)

ЛАВРОВ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК: Прва посета од почетокот на конфликтот во Украина, ќе седне на иста маса со Зеленски (ВИДЕО)