21 Септември, 2024
0.0280

По четири месеци, замре тендерот на АД ЕСМ за помошна механизација од 19 милиони евра

Објавено во: Економија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Иако огласот од 19 милиони евра за купување на нова механизација за РЕК Битола за ископ на јаглен, беше објавен од АД ЕСМ уште во декември минатата година, и натаму се уште нема тенедерска разрешница. На крајот на јануари Електрани на Северна Македонија ги објави операторите кои конкурираат на тендерот за јавна набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, по отворањето на понудите на тендерот за јавна набавка. По отворањето на понудите, следуваше нивно „скенирање“ дали ги исполнуваат пропишаните услови, а потоа требаше да се одбере најдобрата понуда. 

Од тогаш се поминати три месеци. Она што ни го одговорија од АД ЕСМ уште пред два месеци е дека станува збор за жалба на економски оператор што ја кочи постапката. Економскиот оператор не учествувал на тендерот но сепак поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. „Фактор“ упати прашање до таму, а пред еден месец од комисијата ни беше одговорено дека не смеат да го соопштат името на операторот, односно неговото име ќе биде познато кога ќе биде донесена одлуката по жалбата. До тогаш не смееле да изнесуваат информации за предметната жалба додека трае постапката. Одлука по жалбата се уште нема, а последните кои комисијата за жалби по јавни набавки ги има објавено се од средината на месецов. Според она што го проверуваше „Фактор“, се уште нема одлука за оваа јавна набавка на Електрани на Македонија.

Оваа предизборна одлука од програмата „План за живот во Македонија“ требаше да заштети многу пари за Електрани на Македонија и за земјата ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра, што претставуваат многу пари. И покрај предизборните ветувања на власта, продолжува скапата пракса приватници да копаат јаглен за РЕК Битола, а во меѓувреме имаше неуспешни обиди за купување на нови машини и наместо тоа, продолжи старата пракса на претходната Влада.

Со тендерот требаше да се набават вкупно 47 машини за потребите на рудниците со јаглен и да ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра, откако во меѓувреме се создадоа законски можности и квалитетот, а не само најниската цена да биде критериум, што инаку претходно беше аргумент да не се купува оваа помошна механизација. Јавната набавка доцнеше поради анализите и измената на Законот за јавни набавки. Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази.

Оваа набавка, наспроти корона кризата, треба да се смета за продуктивен расход, затоа што долгорочно ќе ги намали трошоците за ископ на јаглен како основен извор на енергија од кој Македонија добива струја.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор