ПО БРЕГЗИТ: Велика Британија и Турција ќе склучат договор за слободна трговија
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017
Анкара и Лондон планираат да потпишат договор за слободна трговија, кога Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. Ова го изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска стана јасно дека двете земји ќе формираат работна група за прашања поврзани со трговијата, како и дека Велика Британија ќе произведува нови турски борбени авиони.
За време на прес-конференцијата по средбата со британскиот премиер Тереза Меј Јилдирим додаде дека двете земји исто така се согласиле да ја зајакнат соработката во борбата против тероризмот.„Изградбата на ѕидови нема да го реши проблемот со бегалците во светот“, изјави Јилдирим по повод наредбата на Доналд Трамп за ставањето рампа за бегалците во САД и ја објави својата намера за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико.
„Ние не можеме да го решиме бегалскиот проблем со ѕидови“, изјави турскиот премиер. Тереза Меј сепак не ги осуди дејствијата на Трамп.
„Вашингтон е одговорен за сопствената бегалска политика. А, Обединетото Кралство е одговорно за политиката на Обединетото Кралство за бегалците“, рече таа.