06 Декември, 2025
0.0370

По 6.000 денари на сметка: Нема да може да се повлекуваат во кеш, ама нема да се трошат само на македонски производи

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020 08:46

Добивај вести на Viber

Комплетно е променет концептот за финансиска поддршка на погодените категории граѓани, овојпат, за разлика од минатиот, кога парите ги добија на картичката купувам домашно. Веќе беше соопштено дека сега нема да има картички, но покрај тоа и парите нема да треба да се трошат само на домашни производи и услуги. По 6.000 денари на трансакциска сметка треба да добијат 283.000 граѓани на државата или вкупна 27,6 милиони евра треба да легнат на овие сметки откакако законот ќе помине на собрание. Но иако парите ќе треба да се трошат до крајот на годината најверојатно, за законското решение се уште не станало збор во Собранието. Материјалот треба да ги предвиде сите детали, но она што е јасно е дека сега поради тоа што парите легнуваат на сметка нема да има механизам да се провери дали ќе се купат домашни производи. 

Според информации на Фактор парите од сметка нема да можат да се повлечат во кеш на банкомат, изборот за купеното ќе биде на самите граѓани. Кој добива помош треба да биде објавено на интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk но во моментов таа страница не функционира. Секако поради тоа што уште нема закон, многу е рано да се објавени списоците. На страницата дознаваме, ќе ги има и продавниците каде ќе може да се трошат парите.

Според првичните најави, по 6.000 денари на сметка ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 пензионери, 85.108 невработени кои се пасивни баратели на работа, потоа самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.  Пари треба да добијат  и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на помош ќе имаат и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со овие измени практично и оди во историја проектот картички Купувам домашно. Ако во иднина повторно нема некоја помош тие картички ќе си останат во рацете на првичните иматели. Беа брендирани и граѓаните со нив купуваа исклучиво македонски производи и услуги. Најголем промотор беше тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец

Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери