ПО 4 ДО 5 РЕАНИМАЦИИ ВО СМЕНА: Пеколни дежурства на анестезиолозите во ГОБ „8 Септември“
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020 12:22
Анестезиолозите во ГОБ „8 Септември“, каде што секојдневно се примаат најтешките пациенти заразени со Ковид-19 имаат исклучително напорни смени, пред се затоа што се маклу на број, како и поради големиот број на пациенти кои имаат потреба од респирартор.
-Во моментов во болницата има вкупно 107 пациенти, од кои 92 се со коронавирусот. Тоа се навистина најтешките пациенти кои тука доаѓаат не само од Скопје, туку од цела Македонија. Дури 90 проценти од нив се со кислородна поддршка, а во моментов имаме седум кои се на респиратор и четворица на сипа, што е исто така респираторен апарат, но пациентот е полубуден. Оние анестезиолози кои останаа во ГОБ „8 Септември“, а сега се вкупно 11 откако две колешки дадоа отказ, работат по двајца во смена. Смените им се пеколни. Постојано се околу пациентите кои мора да бидат на респираторни апарати, но исто така се ангажирани и кога имаме итни операции, вели за Фактор директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов.
Костов вели дека и денеска се примени 11 новозарзени пациенти со тешки пневмонии и многу ниска сатурација, а во последниот период се позабележотелен е бројот на хоспитализирани млади луѓе, но и со други коморбидитети.
Во продолжение, фотографиите од мачното секојдневие на пациентите и медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




