По 2009 година за прв пат се во рецесија
Објавено во: Економија 11 Март, 2019
Oд лани турската економија е во рецесија.
Ова го покажуваат податоците на државното статистичко биро, објави Би-би-си. Во последото тромесечје од 2018 година турската економија се намалила за 2,4 отсто, а претходно е регистриран пад и во третото тромесечје од 1,6 отсто.
Турската економија влезе во рецесија за првпат од 2009 година, објавија властите на само три недели пред владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се соочи со локалните избори, каде што растот и инфлацијата ќе бидат клучни прашања за гласачите.
Падот на лирата ја принуди турската централна банка да ги зголеми каматните стапки, што значително ги зголеми кредитите.
Увозот на стоки значително се зголеми и покрај падот на вредноста на турската лира поради трговската војна со САД по серијата политички недоразбирања.
Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак смета дека најлошото поминало и дека економијата ќе расне до крајот на годината, но експертите од Capital Economics не се согласуваат со тоа.
Од поголемите кредити се погодени индустриското производство, како и пазарот на недвижности.
Две последователни квартални намалувања на економските показатели се сметаат за дефиниција за рецесија.