15 Мај, 2024
0.0267

ПО 20 ОТСТО ЗА СИТЕ, ПО 3.000 ДЕНАРИ, ИЛИ НОВ ВЛАДИН ПРЕДЛОГ - кога и за колку пари ќе се зголемат пензиите

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

На први март, што значи после околу две недели, пратениците на собраниска седница ќе го разгледуваат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите од 20 отсто, почнувајќи од април оваа година.

На веб страната на Собранието веќе е објавен предлогот на народните избраници од најголемата опозициска партија за дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, за кој овие пратеници сметаат дека треба да се гласа по скратена постапка.

Како што е познато, завчера пратениците од опозициската партија побараа да се стави на дневен ред точката за ова законско решение, и да се утврди потребата од неговото донесување, односно со таа точка да се надополни дневниот ред на собраниската седница на која беше ставен предлогот за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Но, со 37 гласа „за“ и 61 глас „против“, не помина барањето таа точка да се стави на дневен ред, односно не се изгласа потребата да се донесат такви законски измени. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека не им се битни пензионерите, во спротивно ќе гласале со ова законско решение да се дополни дневниот ред на седницата.

Со оглед што нема повеќе деловнички можности да се одложува, за први март, во вторник, таа точка е ставена на дневен ред на собраниската седница.

Во меѓувреме, пак, веќе од денеска стартува првиот состанок на работната група во Владата, која ќе треба да одбере модел како ќе се зголемуваат пензиите. 

И додека власта од денеска почнува со разговори за тоа како ќе се зголемуваат пензиите, од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на први март да го бранат своето законско решение за зголемување на пензиите од 20 отсто на сите 325 илјади пензионери во земјава, но, како што велат, подготвени се и амандмански да интервенираат во предлогот, со цел да се донесе одредба за скалесто зголемување на пензиите од по 3.000 денари за сите пензионери, наместо по 20 проценти.

„Ова сме подготвени да го направиме од причина што кога го објавивме нашиот предлог за зголемување на сите пензии од 20 отсто почнувајќи од април годинава, имавме многу реакции од пензионерите, во смисла дека со зголемувањето за конкретен процент, повеќе ќе се зголемат пензиите на оние со повисоки месечни износи, а помалку ќе се зголемат помалите пензии. Односно, оној на пример што земал пензија од 10.300 денари, кај него зголемувањето од 20 проценти ќе биде само 2.060 денари, додека, пак, оној што има пензија од 30.000 денари, кај него зголемувањето ќе изнесува 6.000 денари, односно 100 евра. Што значи, многу поголемо зголемување би добиле оние со повисоки пензии, а тоа не беше целта, туку беше да се помогне токму на оние со пониски примања“, објаснува координторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во разговор за Фактор.

Инаку, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат овој закон да се донесе по скратена постапка, а на него се потпишани 24 пратеници од партијата, оние што биле присутни во моментот кога се поднесувал предлог законот, и тоа Никола Мицевски, Иванка Василевска, Дафина Стојаноска, Ели Панова, Јадранка Поцкова, Олга Лозановска, Тони Јаревски, Велика Стојкова - Серафимовска, Ангелинка Петкова, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Златко Пенков, Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Игор Здравковски, Александар Велјановски, Драган Ковачки, Ане Лашкоска, Ѓорѓија Сајкоски, Благица Ласовска, Зоран Коцевски, Грација Бакрачевска, и Бојан Стојаноски.

„Имајќи ја предвид појавата на пораст на цените на одделни производи и електричната енергија кои се од витално значење за пензионерите како потребата од подобрување на животниот стандарт, сметаме дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии. Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови и т.н. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани“, изјави Мицевски кога беше поднесен предлог законот во Собранието.

Тој посочи дека доколку не се зголемат пензиите, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци,

Вчера, пак, премиерот Димитар Ковачевски, најави дека Министерството за труд и социјална политика, како и другите ресорни министерства, веќе го закажале првиот состанок на кој ќе се разговара за методологијата, која треба да понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Процесот, како што објасни премиерот, ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвивал и процесот врзан за покачување на минималната плата.
„Во однос на методологијата, ние веќе имавме едно покачување на пензиите, а следува и уште едно зголемување, меѓутоа, низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите, како и низ анализите кои претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите, бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Ковачевски.

На прашањето до Мицевски дали ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да гласаат за законските измени што би ги предложила власта за пораст на пензиите, тој вели дека партијата прво ќе почека да види што тие ќе предложат, односно каков модел, па потоа ќе изградат став по тоа прашање.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот