Пленковиќ: Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2023 07:00
Никој не го анектирал Косово, тоа е независна држава, вели хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Пленковиќ изјави дека „е важно тоа што Косово е независна држава со која Хрватска има дипломатски односи“.
„Она што е важно е дека Косово е независна држава со која имаме дипломатски односи, дека нашиот министер (за стопанство и одржлив развој Давор) Филиповиќ беше на Косово, дека со него беа 50-тина наши бизнисмени“, кажа Пленковиќ.
Тој вели дека Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“.
Хрватскиот претседател Милановиќ кажа дека меѓународната заедница „го анектирала Косово“. За војната во Украина кажа дека Украинците повеќе ги мразат Русите отколку што Хрватите ги мразеле Србите за време на војната и дека не се споредуваат Србите кои се побуниле во Хрватска со светската нуклеарна суперсила Русија. Вели дека Русија е опасна земја и дека тоа никој не го разбира. Тој и претходно го бранеше рускиот претседател Владимир Путин и не сакаше Хрватска да обучува украински војници. Западот сега нуди француско - германски предлог за затворање на прашањето со Косово.
фото ЕПА
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




