18 Јули, 2024
0.0257

ПЛАТИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПОРАСНАЛЕ ОД 16 ДО 50 ПРОЦЕНТИ: еве како се движат, ревизорите бараат усогласување со законите

Објавено во: Финансии 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Бруто плата на административните службеници во септември 2023 година се движела од 32.892 денари за помошно-стручен административен службеник од четврто ниво до 85.761 денари бруто месечна плата за секретар од прво ниво. Притоа бруто плата во периодот јануари 2021 до септември 2023 е зголемена кај пониските нивоа на работни места од 24 отсто до 55 проценти, додека зголемувањето на повисоките нивоа се движи од 16 отсто до 22 проценти. 

Ова го утврдиле ревизорите од Државниот завод за ревизија при нивната ревизијата на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати на административните службеници во Република Северна Македонија“.

Тие укажуваат дека додаток за прекувремена работа се исплаќа во само 26 од 36 институции, а додаток за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа во ниту една институција. ДЗР констатирал и дека модулот за пресметка на плати се користи само од 29 институции, а модулот за управување со учинокот не се користи воопшто. Притоа укажуваат дека треба да се преиспитаат законски утврдените рокови за одобрување на плановите за вработување  како и да се усогласи Законот за административни службеници со Општиот колективен договор за јавниот сектор во делот на начинот на утврдување на платата.

Со ревизијата на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати на административните службеници во Република Северна Македонија“  што ја објави денеска ДЗР биле опфатени платите и додатоците на плати на административните службеници за период од 2021 до 2023 година во 14 министерства и 22 институции, меѓу кои и институции каде определени прашања во врска со работниот однос на административните службеници се регулирани со посебни закони.

Констатирано е дека Владата продолжува со реорганизација на јавните институции и засилување на нивниот капацитет заради воспоставување на унифициран и кохерентен систем на плати во јавниот сектор, преку изработка на стратегии за реформа на јавната администрација и нови законски предлози, но од страна на Собранието се уште не се донесени.

- Со извршената ревизијата на информациониот систем за управување со човечки ресурси во јавниот сектор воспоставен во МИОА, се утврди дека модулот за пресметка на плати се користи само од 29 институции, додека модулот за управување со учинокот не се користи воопшто. Ваквата состојба ја доведува во прашање оправданоста на набавката и одржувањето на системот, како и ефикасноста на планирање на развојот и унапредувањето на вработените во јавниот сектор, а со тоа и на платите во јавниот сектор, информира ДЗР. 

Притоа во нивниот извештај стои „со анализа на платите на административните службеници, ги утврдивме следните состојби“:

- основна бруто плата на административните службеници во септември 2023 година се движи од 32.892 денари за помошно-стручен административен службеник од четврто ниво до 85.761 денари бруто месечна плата за секретар од прво ниво, 

- со воведување на минималната бруто плата во март 2022 година (во износ од 26.422 денари) при пресметката на платата во април 2022 година, основната плата за месец март 2022 година се зголемила од околу 1 отсто до 26 проценти по звање, 

- во март 2023 година минималната плата се зголемила и истата изнесува 29.739 денари, поради што и износот на основната плата се зголемил од над 4 отсто до 12 процент по звање, 

- во септември 2023 година согласно член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година, се зголеми за 10 отсто, 

- согласно член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 година, споредено со индексот на трошоците на живот за првите шест месеци во 2023 година надминува 3 проценти, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор за месец септември 2024 година ќе се зголеми во процентуален износ за разликата до 3 отсто, 

- бруто плата во периодот јануари 2021/септември 2023 е значително зголемена кај пониските нивоа на работни места и тоа од 24 проценти до 55 отсто, додека зголемувањето на повисоките нивоа на работни места се движи од 16 проценти до 22 отсто.

Во однос на плановите за вработување со кои институциите ги планираат потребните годишни вработувања констатирано е дека не се донесени во законски утврдените рокови, што влијае на степенот на реализација на вработувањата. Во

2021 година реализирани се само 19,5 проценти од вкупно планираните вработувања, додека во 2022 година реализирани се само 16 проценти. 

Извршената анализа на вработувањата во опфатените 36 институции покажала дека планирањето на нови вработувања е фокусирано на неопределено време, а не и за вработувања на определено време и привремените вработувања преку агенции за привремени вработувања. Во периодот од 2021 до септември 2023 година, во овие институции биле  вработени вкупно 3 384 лица, од кои 1 012 на неопределено време, 468 на определено време, 1 424 привремено и 480 преземени од други органи.

ДЗР укажува дека ваквите состојби создаваат ризик од ненавремена и нецелосна реализација на целите и надлежностите на институциите во државата, поради што ревизијата е на мислење дека постои потреба од преиспитување на законски утврдените рокови за одобрување на плановите за вработување.

Според ДЗР, утврдени се разлики во висината на платите за исти работни места во различни институции, како резултат на различните законски и колективни договори врз основа на кои се утврдува висината на бодот на административните службеници. Платите во министерствата се најниски, бидејќи се уредени според Законот за административни службеници, додека во другите институции платите се уредени на начин различен од наведениот закон со што се создаваат разлики во платите за истиот вид на работни места.

Иако Законот за исплата на платите овозможува месечно зголемување до 50 проценти од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, со ревизијата утврдивме дека во период од 2021 до 2023 година и покрај тоа што стапката на трошоците за живот е зголемена од 0,1 процент до 2,8 проценти, не е извршено месечно зголемување на платите од 50 проценти од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, во рамките на обезбедените средства.  Исто така, констатирано е дека иако законската рамка дозволува исплата на додатоци за прекувремена работа и прилагодување кон пазарот на труд, додатокот за прекувремена работа се исплаќа во само 26 од 36 институции, додека додатокот за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа во ниту една институција.

Ова, истакнува ДЗР, уште повеќе создава разлики висината на платите меѓу административните службеници и упатува на потреба за хармонизација на исплатата на додатоците, како што е предвидено во законската регулатива.

Ревизијата истакнува дека во јули 2023 година донесен е Општ колективен договор за јавниот сектор, каде пресметката на бруто плата е утврдена како производ од просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место со примена од 01.03.2025 година.

- Имајќи предвид дека во новиот Предлог закон за административни службеници што е во собраниска процедура каде начинот на пресметка на плата е уреден на друг начин, преку бодови, односно основната плата се состои од дел на плата за степен на образование, дел на плата за ниво и дел на плата за стаж, а вредноста на бодот се утврдува секоја година од страна на Владата, укажуваме дека постои потреба од усогласување на законот со Општиот колективен договор за јавниот сектор во делот на начинот на утврдување на платата, наведува ДЗР во извештајот.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОРБАН, „БАЈПАСИРААТ“ ДОМАШНИТЕ БАНКИ, АМА И ЌАРУВААТ - издадена државна обврзница од 48 милиони евра со камата од 5,6 отсто

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОРБАН, „БАЈПАСИРААТ“ ДОМАШНИТЕ БАНКИ, АМА И ЌАРУВААТ - издадена државна обврзница од 48 милиони евра со камата од 5,6 отсто

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА - Кина ќе издаде ултра долги специјални државни обврзници од 55 милијарди јуани

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА - Кина ќе издаде ултра долги специјални државни обврзници од 55 милијарди јуани

БУЏЕТОТ ПАК ПОРАСНА ИАКО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА РАСТЕ КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ – министерката бара одговорно работење од сите институции

БУЏЕТОТ ПАК ПОРАСНА ИАКО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА РАСТЕ КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ – министерката бара одговорно работење од сите институции

Генерали Инвестментс: Зелено, те сакам зелено…

Генерали Инвестментс: Зелено, те сакам зелено…

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗНАЧАЈНО СЕ „СТЕГНА“ - загубата се претвори во добивка од над 800 илјади евра, еве какви се плановите

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗНАЧАЈНО СЕ „СТЕГНА“ - загубата се претвори во добивка од над 800 илјади евра, еве какви се плановите

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА: Се бори за водечка позиција

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА: Се бори за водечка позиција

КЛИМА УРЕДИТЕ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО: Еве која температура е погубна за сметките

КЛИМА УРЕДИТЕ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО: Еве која температура е погубна за сметките

ДУРИ 1.500 ЕВРА ЗА КЕЛНЕР ВО ГРЦИЈА, ИСТО ТОЛКУ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ХРВАТСКА, ОД 800 ЕВРА ЗА СОБАРКИ ВО ЦРНА ГОРА: Еве колкава плата може да земете како сезонски работник во некоја од земјите на Балканот

ДУРИ 1.500 ЕВРА ЗА КЕЛНЕР ВО ГРЦИЈА, ИСТО ТОЛКУ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ХРВАТСКА, ОД 800 ЕВРА ЗА СОБАРКИ ВО ЦРНА ГОРА: Еве колкава плата може да земете како сезонски работник во некоја од земјите на Балканот