20 Декември, 2025
0.2313

ПЛАТИ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ: „Магна Мирорс“ и „Дура Аутомотиве“ со најдоброплатени работници

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Магна Мирорс, канадската компанија за производство на ретровизори и поврзани системи, ги има најдоброплатените работници во споредба со сите други странски инвеститори кои се поголеми вработувачи во технолошко-индустриските развојни зони.

Во фабриката, која започна со работа во октомври 2022 во слободната индустриска зона во Струга, просечните нето плати изнесуваат 62.800 денари, пресмета „Фактор“ со конвертирање на бруто износите. 

Од извештајот кој го доби „Фактор“ од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, каде што задолжително секој инвеститор мора да ги внесе податоците за поделените плати, во текот на 2023 „Магна Мирорс“ имала трошок од 882 милиони денари за исплата на 769 работници.

Дура Аутомотиве Стрекчерс, уште една компанија која произведува напредни технолошки системи за автомобилските брендови, е втора по големина кога станува збор за поделени нето плати. Американскиот инвеститор, кој со работа започна во 2020 и најави уште две фабрики во втората скопска зона, минатата година во просек исплаќала плата од 53.800 денари.

Инаку „Гентерм“ во Прилеп имал најголем број на вработени - 2.778 работници во текот на минатата година, каде што просечната плата е сепак само 29.720 денари. Тука биле и најголеми бруто трошоците за плати - 1,48 милијарди денари, или повеќе од 24 милиони евра за минатата година.

Во извештајот на Дирекцијата може да се види дека убедливо најголем број од вработените во слободните зони, според степенот на образование, се со средна стручна спрема. Треба и да се каже дека овие инвестиции се помогнати финансиски од државата, а меѓудругото и со субвенционирање на платите за нововработените.

Во слободните индустриски зони произведуваат голем број на фабрики, но „Фактор“ ја изнесува висината на платите на најголемите работодавачи. Треба да се напомене дека големи работодавачи како Кромберг и Шуберт, како и Дрекслмајер не се дел од овие зони. ТИРЗ единствено немаше јасен податок за доделените плати на „Адиент“ во Струмица.   А.К.



Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба