29 Март, 2024
0.0246

ПЛАТИ И НАД 55 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СЕ БАРААТ ЕКОНОМИСТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ - еве што треба да исполните ако сакате да работите во Народна банка

Објавено во: Финансии 15 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Првата монетарна куќа, односно Народната банка, повторно има потреба од нови вработувања, а овој пат тоа ќе бидат главно економисти кои ќе работат во пооделните дирекции, иако повторно се бараат и информатичари. Дел од нивните плати ќе бидат навистина примамливи и ќе изнесуваат и над 55 илјади денари.

Централната банка распиша оглас за прием на четворица извршители, кои ќе работат за различни суми на месечни надокнади.

Според огласот од централната банка, НБМ бара тројца извршители во Дирекцијата за платни системи. Првиот треба да работи на определено време во траење од две години, на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи.

Потоа, вториот извршител исто ќе биде на определено време во траење од две години, на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за политика и развој на платните системи. Третото вработување е планирано за  извршител на неопределено време, на работното место „аналитичар II степен“ во Отсекот за политика и развој на платните системи.

И, четврти извршител се бара на определено време во траење од една година, на работното место „самостоен супервизор за информативни системи II степен“ во Канцеларијата за супервизија на информативни системи.

Сите профили што се бараат треба да исполнуваат и посебни услови.

Имено, за првото работно место кандидатите треба да имаат завршен факултет од областа на економските науки, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, платен промет, платни системи и познавања од областа на работењето на Народната банка. И оние што ќе конкурираат за второто место треба исто да имаат завршен економски факултет, со или без работен стаж, и да ги имаат истите познавања. За третото вработување, пак, кандидатите треба да имаат завршен факултет од областа на информатичките науки, да имаат работен стаж најмалку две години, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, платни системи, платежни услуги и познавања од областа на работењето на Народна банка.

И, за четвртото место кандидатите треба да имаат завршен факултет од областа на економските науки, да имаат работен стаж најмалку три години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на регулативата која ја уредува примената на информативната технологија во финансискиот систем, познавање на ИТ системите кои ги применуваат банките и останатите финансиски институции во земјава, познавање на законската и подзаконската регулатива за работењето и супервизијата на банките, штедилниците, давателите на услуги брз трансфер на пари, и слично.

За сите овие кадри се наведува дека работното време ќе почнува меѓу 8 и 9 часот, а завршува помеѓу 16 и 17 часот.

Висината на основната нето плата за првите две работни места изнесува 35.081денар, додека за време на пробната работа таа е само 50 отстоили 17.986 денари, а за време на приправничкиот стаж ќе биде 70 проценти или 24.819денари.

За третото место платата ќе биде многу подобра и ќе биде на ниво од 53.159 денари, со исклучок на времето на пробната работа, кога овој човек ќе зема половина од платата.

И конечно, за четвртата работна позиција што се бара, платата ќе биде 55.616 денари, со исклучок само на периодот на пробната работа.   

А еве какви плати се нудат за новите вработувања во Управата за цивилно воздухопловство.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап