14 Декември, 2025
0.5719

ПЛАЌААТ И ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Русите бегаат од мобилизација и заминуваат во Белорусија

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2022 15:02

Добивај вести на Viber

Русите од мобилизација бегаат и во Белорусија. 

Дел од нив избегаа во Грузија и Казахстан, но и во земји како Турција и Србија. 

Алиона живее во главниот град на Белорусија, Минск и поседува неколку станови. Вели дека приливот на Руси е многу голем и вели дека за становите особено се заинтересирани млади луѓе кои не сакаат да војуваат.

„Нема илјадници или десетици илјади кои доаѓаат, но побарувачката е сè уште огромна“, вели таа за ДВ. 

Цените за изнајмување скокнаа  последните денови, и тоа не само во центарот на Минск. Подобрите локации веќе чинат повеќе од 100 евра дневно.

„Дури и во предградијата тешко може да добиете стан за помалку од 100 белоруски рубљи (околу 40 евра) дневно“, вели Алиона.

Сергеј (32) од Москва избрал стан во градот Молодечно, лоциран на 70 километри од градот Минск.

„Пет дена откако беше наредена мобилизацијата, се качив во возот за Белорусија. Јас лично не добив покана, но многу колеги и познаници мораа да одат на воен рок“, вели Сергеј  кој не служел воен рок.

Избегал затоа што знае дека во случај на мобилизација може да биде повикан. откако Русија објави мобилизација, имаше гужва на аеродромите. Луѓето бегаа, а во Дагестан жители излегоа и го блокираа патот со цел нивни сограѓани да ја бидат мобилизирани. Имаше и сцени каде полицијата во Русија ги тепа луѓето кои не сакаат да се качат во автобус и да одат на обука. Украина на руските војници кои ќе се предадат им вети заштита, дека ќе се однесуваат цивилизирано со нив, дека никој нема да знае во Русија под какви околности се предале, а ако имаат проблем подоцна да се вратат дома, и за тоа ќе средат. 

Речиси милион Руси ја напуштија земјата во последните две недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата наредба за делумна мобилизација. Според Форбс Русија, таква оценка за масовната емиграција дава извор од Кремљ.

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина