15 Декември, 2025
0.0421

ПИВОТО И СОКОВИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧНИ ПАРИ, АМА „КАПНАЛО“ И ОД ДРУГО МЕСТО - еве како „Прилепска пиварница“ паметно работела и оствари чист профит од 2,3 милиони евра

Објавено во: Економија 12 Март, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Продажбата на пиво и газирани сокови одела одлично, ама „капнало“ и од други места. Односно, парични приливи се слеале и од други вложувања кои ги направила компанијата, а такви биле приходи од камати, од дивиденди, но и од продажба на акции во одредени компании или на други видови хартии од вредност.

Како и да е, Прилепската пиварница лани сработела одлично, а тоа го покажува и нејзиниот Биланс на успех, заедно со другите финансиски извештаи кои ги објави компанијата. А документите говорат дека и покрај тоа што оваа компанија лани ги зголемила трошоците, бидејќи меѓу другото, се потрошиле средства и за прослава на 100 годишнината од нејзиното постоење, сепак, на крајот профитирала одлично, токму благодарение на приливите кои и ги донеле претходно направените вложувања во хартии од вредност.

Да го разгледаме Билансот на успех на компанијата. Тој говори дека минатата година Прилепска пиварница остварила одлична чиста добивка од 2,25 милиони евра, што е раст за 13 отсто во однос на 2023 година. Еве кои се ставките на приходната и расходната страна.

Имено, оперативните приходи изнесувале дури 38 милиони евра, и од нив најголемиот дел се приходи остварени од продажбите на домашниот пазар, кои изнесувале 37,6 милиони евра, и таму зголемувањето е за дури 13 проценти.

Продажбата на странските пазари не и била јака страна на оваа прилепска компанија, бидејќи таму е остварен прилив од само 361 илјади евра, што е и намалување за 17 отсто во однос на истиот период од минатата година.

На расходната страна, оперативните расходи тежат 36,9 милиони евра, што е раст за 12 проценти во однос на претходната 2023 година.

Сосема логично за ваква компанија, најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали, кои изнесувале 14,3 милиони евра, и кај нив има пораст за 7 отсто. За 16 проценти пак пораснала набавната вредност на трговските стоки, чија вредност била 7,1 милиони евра. Услугите со карактер на материјални трошоци дошле до сума од 3,6 милиони евра, додека, пак, останатите трошоци од работењето се 4,7 милиони евра, што е раст за 23 проценти.

Солидна сума од 4 милиони евра се трошоци за вработените, за плати и нивни надоместоци, и добро е што кај нив има пораст за 19 отсто во однос на една година претходно.

„Во зголемувањето на расходите поодделно по вредност и процент најмногу учествуваат следните расходи, имено трошоци за отпис на амбалажа, ситен инвентар и друго, со зголемување од 27 отсто, бруто платите се зголемени за 19,36 проценти, и расходите за рекламни и маркетинг услуги се зголемени за 35,6 отсто, што се должи на активностите за одбележување на 100 годишнината од постоењето на компанијата во текот на цела година“, се вели во образложението кое прилепското акционерско друштво го достави во прилог на своите финансиски резултати.

Кога ќе се направи еден пресек на приходите и расходите, оперативната добивка за лани достигнала 1,31 милиони евра, и тоа во однос на претходната година е намалување за 20 отсто.

Но, тука се покажува „мајсторлукот“ на компанијата, имено, таа не останала само на ова редовно работење, туку имала и направено паметни вложувања, па тие и донеле повеќе од убави финансики приходи.

Имено, Билансот на успех говори дека финансиските приходи на Прилепска пивара лани изнесувале дури 1,12 милиони евра, што е огромен раст од дури 112 проценти. Сите овие финансиски приходи се остварени од вложувања, а за да видиме какви биле тие вложувања, ќе ни помогне ако ги погледнеме паричните приливи на компанијата. А тие говорат дека компанијата имала приливи од неколку места, и тоа од дивиденди од 360 илјади евра, приливи од камати од 354 илјади евра, како и парични приливи од продажба на сопственички или должнички хартии од вредност на други правни лица и учество во заеднички вложувања. Значи, оние кои паметно вложувале, потоа ги берат плодовите од таа инвестиција, а тоа е се овие одлични финансиски приходи.

И, со оглед што финансиските расходи биле многу мали и незначителни, излегува дека на крајот на ланската година компанијата стигнала до добивка пред оданочување од 2,4 милиони евра, што, пак, после плаќањето на данокот, прави нето добивката да биде 2,25 милиони евра, што е раст за 13 отсто во однос на една година претходно.

Од компанијата во своето образложение нагласуваат дека тие постојано инвестираат, и тоа, лани направиле вложувања во недвижности, постројки, опрема...

„Во текот на 2024 год., како и во повеќе изминати години, Прилепска Пиварница АД Прилеп го продолжи позитивниот инвестициски циклус со значителни вложувања во недвижности, постројки и опрема и ставање во употреба средства со набавна вредност  одоколу 114.000 ден. Се инвестираше во проширување на возниот парк на продажниот тим со околу 20.000 ден., во средства за унапредување на продажбата околу 80.000 ден., во осовременување на опрема за точење итн“, велат од компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година