07 Мај, 2024
0.0225

Пивара Скопје го отстапи својот медиумски простор и продукциски буџет на младите креативци чии приказни инспирираат

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Средствата за продукција на нов рекламен спот, како и медиумскиот простор за промоција на Скопско Smooth, Пивара ги пренасочи кон креативна платформа која ќе и ги претстави на јавноста талентите од новата генерација.


Пивара Скопје со Скопско Smooth започна автентична кампања во форма на креативна платформа, во чиј фокус се инспиративните приказни на млади фотографи, ликовни уметници, активисти, блогери и сите оние кои се желни да “зборуваат гласно“ и да бидат препознаени. Во периодот што следи, телевизиските минути за реклами, популарните веб портали и каналите на социјалните мрежи на Smooth, ќе бидат исполнети со позитива, со поттикнувачки примери и прекрасни млади луѓе од земјава.

Целта на Пивара Скопје е, да ги поддржи младите луѓе, да ги охрабри и промовира на начин кој им е неопходен на почетокот на нивните кариери,овозможувајќи им простор за изразување каде ќе ги промовираат своите идеи и таленти.


Скопско Smooth со оваа креативна платформа застанува зад сите ентузијасти кои креираат, творат и блескаат со оригинални идеи. Oтворен е и микро веб сајт www.reborn.mk/smooth на кој младите луѓе со ваков опис можат да се пријават и да ја раскажат својата инспиративна приказна, а СКОПСКО Smooth ќе ги промовира во јавноста преку своите медиумски канали. И оние посрамежливите и оние непотребно самокритични, кои секако заслужуваат за нив “да се чуе“, може да ги пријават нивните блиски.

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија произведено со најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната традиција на Пивара во усовршување на процесот на производство. Благодарение на напредниот процес на ладно филтрирање, носечки карактер на пијалокот е свежината, што остава впечаток на штотуку наточено пиво, со мазен рафиниран и освежувачки вкус, помала горчина и газираност. 

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“