26 Април, 2024
0.0326

ПИШИ БРИШИ: Кој ќе го снема од избирачкиот список?

Објавено во: Финансии 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

 Лица кои се починати се бришат од Избирачките списоци од неколку скопски општини.

Како што информираше МИА вкупно 59 лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково за кои до ДИК се поднесени изводи од умрените ќе се избришаат од списокот.

Можност за бришење од ИС има и по основ на државјанство, но засега по овој основ нема ниедно поднесено барање во канцелариите на ДИК, а она што се посочува е и дека секој граѓанин може да оди во подрачните канцеларии на Комисијата и со уверение од матичната книга за умрени да побараат бришење на починато лица во Избирачкиот список. 

По основ на државјанство граѓаните тоа може да го побараат со потврда од Министерството за внатрешни работи. Појаснуваат дека доколку граѓани сакаат да променат податоци во Избирачкиот список тоа може да го направат со нова лична карта или нова патна исправа. 

Во прегледот на ДИК за јавниот увид за референдумот е предвидена и графа за лица кои се провериле во Избирачкиот список, а се со поништено живеалиште. До 12 август вакви лица имало само три и тоа во Штип. Подрачните канцеларии на ДИК редовно од МВР добиваат информации за тоа колку лица има со поништено живеалиште во општините што ги покриваат. Во четирите општини што ги покрива подрачната канцеларија на ДИК во Кисела Вода во изминатиот период, според податоците на МВР има 650 лица со поништено живеалиште, но досега ниту едно од нив не се обратиле во канцеларијата. Во минатото имало случај кога поранешна сопруга пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг веќе не живее на адресата на која живееле додека биле во брак. Тој не бил информиран дека има поништено живеалиште и побарал одговор кај вработените во подрачна канцеларија на ДИК, пишува Миа.

Увидот во Избирачкиот список трае до 23 август на полноќ. Проверката од 9 до 19 часот секој ден може да се направи во подрачните канцеларии на ДИК, а во текот на 24 часа електронски на веб страната на ДИК www.sec.mk. За референдумот за името ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список на 7 септември.

Паралелно со јавниот увид тече и пријавувањето на иселениците за изјаснување на референдумот, кое исто така завршува на 23 август.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат