26 Април, 2024
0.0292

ПИОМ ќе чека истрага за да се докаже измамата: Граѓаните во паника

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го пријавил измамникот кој во изминатиов период се јавува кај граѓани од кои бара пари за новодно да им врати заостанати пензии на нивни блиски луѓе кои веќе се починати. Од ПИОМ ја потврдија информацијата на што Фактор ја објави утрово. Тврадт дека некои од граѓаните наседнале и дека истиот човек се јавил на петнаесетина граѓани. Сепак не одговорија кој е всушност човекот и како тој ги има броевите на лицата кои му се потенцијални „жртви“. Граѓаните се во паника и прашуваат како може некој да ги има нивните броеви, да знае дека имале лице корисник на пензија и да ги користи за вакви цели. 

„Од наша страна е постапено и за случајот ги известивме надлежните институции, од кои очекуваме да го решат случајот, е официјалниот став на менаџментот на ПИОМ.

Полицијата работи на случајот, а додека трае истрагата на граѓаните им се советува да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви сомнителни повици. Според неофицијални информации измамникот е од Гевгелија, тој впрочем и така се претставува и дури си го кажува и целото име и презиме кога разговара со лицата на кои им гарантира дека ќе им среди за да си ги земат парите. 

Фактор веќе пишуваше дека според сведочењата на една скопјанка, измамникот прво и се јавил на телефон и рекол дека нејзиниот починат татко не земал уште 397.000 денари од пензии од ПИОМ. Побарал фотокопија од извод на родени и трансакциска сметка плус 1.870 денари да се испратат по автобус во Гевгелија заедно со 100 денари на возачот на автобусот.

Јавувачот се претставил и рекол дека е теренски вработен во ПИОМ. Рекол дека ако не се пратат парите веднаш ќе треба да се чека уште една година. Сепак скопјанката која го објави случајот не наседнала. И било чудно да и се јавува некој од Гевгелија и да бара пари веднаш и тоа по автобус.

Од ПИОМ не кажаа точно колку лица имаат пратено пари, а такви информации не обезбедивме ниту од МВР. 

Кој ги има броевите на граѓаните и како им ги знае имињата? Кој е измамникот ќе треба да реагира полицијата. Според информации на оштетените тој е поранешен вработен во ПИОМ, но работел само како обезбедување, но овие тврдења не се потврдени. Според други тој сега вози за компанијата превозник по која бара да се пратат парите.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите