ПЕТРОВСКА: Изборот за претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024 20:39
Kандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата. Со свој коментар се јави Славјанка Петровска која сака да го води СДСМ.
Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.
„Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу“, вели Петровска.
По слабиот резултат на изборите, Димитар Ковачевски се повлече од лидерската позиција.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




