Петмина починати биле ставани на ист респиратор: Истрага на Инфективна клиника во Косово
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2020 17:07
Косовската полиција ја опкружи Клиниката за инфективни болести во Приштина, откако пет пациенти заразени со коронавирус починале од полноќ до сега во Клиничкиот центар во Косово, а роднини обвинуваат дека и по четворица биле ставани на ист респиратор
Според Koха, поради влошувањето на сосотјбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести собрани се сите челници од Универзитетскиот клинички центар.
Според повеќе косовски медиуми, тоа што повеќе пациенти делеле ист респиратор е главна причина за зголемениот број мртви.
Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта.
Вчера смртниот ковид-биланс во Косово е осум починати и 178 новозаразени.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




