Петличковски: Не можеме да кажеме до кога ќе штити третата доза
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2021 10:12
Директорот на институтот за имунобиологија, Александар Петличковски, во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека се уште не се знае колку долга ќе биде периодот на заштита од третата доза, или таканаречениот „бустер“ против Ковид-19.
- Третата вакцинална доза прави едно освежување, засилување на имунитетот, создавање на нови антитела, поттикнување на памтечките клетки кои ја запаметиле првата средба со вирусниот антиген и подигнување на нивото на имунитет, односно враќање кон тие 90-тина проценти ефикасност на вакцините, која ќе трае шест или повеќе месеци, иако во моментов се уште не знаеме, рече Петличковски во студиото на РСЕ.
Според неговото мислење, големата стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија се должи на повеќе фактори, меѓу кои и тоа што ние не сме развиена европска земја.
- Имаме проблем дефинитивно. Смртноста ни е висока споредено со смртноста во развиените земји, ама ние не сме развиена европска земја и имаме недоволно развиен здравствен систем. Сигурно дека коморбидитетите влијаат на зголемување на смртноста. Имаме и дополнителен проблем со неприфаќањето на болеста и нејавувањето навреме. И тоа е сигурно, но имаме и лоши услови во здравствениот систем, немаме ни доволно капацитети и сите елементи комбинирани придонесуваат за оваа висока смртност, која е слична во регионот. Со развојот на државата и здравствениот систем, ќе се подобруваат условите и ќе се намалува смртноста, но во моментот не сме таму, вели тој.
Петличковски вели дека рестриктивните се поефикасни од стимулативните мерки кога станува збор за вакцинирањето на оние кои не сакаат да го сторат тоа, а една од тие мерки, според директорот, е здравственото осигурување да не важи за лекување од оваа болест.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




