Петковиќ тврди дека Бојан Мијаиловиќ е убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во Бањска

Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2023 17:29
Белград инсистира дека тројцата Срби во Бањска се брутално убиени.
Бојан Мијаиловиќ е убиен „лице в лице“ додека лежел повреден во настаните во Бањска, обвини Петар Петковиќ, проректорот на канцеларијата за Косово и Метохија на Србија. Петковиќ објави фотографија од телото на Мијаиловиќ велејќи дека сите тројца Срби се брутално убиени, пренесува Б92.
Петковиќ информираше дека според она што можеле српските вештаци да го анализираат од фотографијата, влезната рана на Мијаиловиќ била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата.
Петковиќ рече дека е испратено и второ писмо до ЕУЛЕКС во кое Србија бара ЕУЛЕКС да одговори зошто бил одбиен да присуствува на обдукцијата на телата. Кажа дека обдукцијата и наодите се клучни за да се докаже дека Србите се брутално убиени.
„ЕУЛЕКС соопшти дека обдукцијата била извршена на 26 септември, а во изводот на смртта што го добиле семејството пишува дека е извршена на 25 септември“, посочи Петковиќ велејќи дека Србија претходно открила дека целиот процес бил „обвиен во тајност“.
Петковиќ изјави и дека косовскиот премиер Албин Курти „продолжува со својот терор“, потсетувајќи дека уште еден Србин е уапсен додека одел на погребот на еден од тројцата убиени Срби.Припадниците на специјалната единица на косовската полиција се повлекуваат од селото Бањска кај Звечане и ќе бидат заменети со припадници на интервентна единица, јави косовскиот портал на српски јазик КоССев.
Можеби ќе ве интересира
TEЛОТО ЗАВРШИЛО ВО СОСЕДНА ДРЖАВА: Пронајдено е девојчето кое мајка му го внесе во реката Сава во Загреб

ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ПУТИН: Бугарска „Преродба“ потпиша договор со „Единствена Русија“

КОС: Aко Вучиќ замине во Москва, тоа ќе има последици на членството на Србија во ЕУ

ВЕЛОСИПЕД ЗА ДЕЦА ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - поради безбедносен ризик

ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ СОПРУГА И ДВЕ ДЕЦА: Загина српски воен падобранец

ИЗЈАВА НА ДОДИК ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ: Ги повика Бошњаците да се вратат во прославната вера

БОСАНСКИ ДОКТОР ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА НА КАРЦИНОМ: Подобро да фрлеа атомска бомба меѓу луѓето, отколку тој вирус

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника
