Петков нема да и попушта на Македонија, или Бугарите во Уставот или ветото останува
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2022 07:07
Македонија треба прво да ги внесе Бугарите во Уставот, па потоа да ги почне преговорите. Ова го потврди бугарскиот премиер Кирил Петков по повод францускиот предлог за кревање на ветото кој стигна во Софија.
Тој изјави дека можно е следната недела да отиде во Брисел на состанокот на Европскиот совет и да опстои на ветото ако бугарскиот парламент не донесе одлука за францускиот предлог.
„Првите услови со Република Северна Македонија беа 5+1. Со објавувањето на нов пристап со пријателски начин на зборување, тие веднаш се согласија и тоа стана 4+1 без да бараат реципрочна акција од Бугарија. Второто што се случи, во францускиот предлог, иако не сум го прочитал, ќе има гаранција за Бугарите во Репулика Северна Македонија од антидискриминација и Република Северна Македонија нема да ги започне преговорите пред да го смени својот устав и Бугарите да станат дел од народите кои што ја претставуваат таа држава“, изјави Петков вечерва интервју за „БНТ“.
Последните два дена, францускиот предлог е топ тема во Македонија и во Бугарија. Франција сака да помогне да се надминат разликите на релација Скопје - Софија. Во земјава веќе има критики за овој предлог.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев дури го нарече нов Преспански.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




