18 Декември, 2025
0.0505

Петер Сијарто: Службата му даде азил на Груевски, донесе независна одлука

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019 11:42

Добивај вести на Viber


Службата за имиграција и државјанство е независен орган и Владата на Унгарија не може да влијае на нејзините решенија  Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја помина процедурата за азил и имиграционата служба реши да издаде позитивно решение, рече Петер Сијарто, министерот за надворешни работи во интервјуто за бугарската национална телевизија БНТ.

- Службата е независен орган и унгарската влада нема влијание над нејзините одлуки. Прашањето со азилот на Груевски е правно прашање, а не политичко - рече Сијарто во интервјуто.

Изјави дека по бегството на Груевски односите на Унгарија и Македонија не се променети.

- Нашата позиција е дека Македонија веќе требаше  да биде поканета во НАТО. Ние сме за целосна интеграција на Македонија, силно ги поддржуваме за испраќањето покана за НАТО веднаш штом биде завршена процедурата за името и од двете страни, а македонската јавува дека веќе ја завршиле. Сега на потег е Грција. Тие ја имаат нашата поддршка и ќе ја имаат, политичка, економска. Јас бев јасен пред министерот за надворешни работи-тоа правно прашање нема да влијае на никаков начин, изјави Сијарто.

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, не се согласува со „заштитата“ на Унгарија што му ја дава на Груевски, но Сијарто остро го нападна.

„Комесарот Хан треба да си ги гледа сопствените задолженија. Неговиот мандат од пет години како комесар за политикта за добрососедство и проширување беше целосно неуспешен. Зашто, нема никаков напредок во однос на политиката кон соседите и затоа треба да се концентрира на сопствената работа“, бепе остар пефот на унгарската дипломатија.

Тој одговараше на прашања во врска со затворањето на границите за бегалците кои емигрираат во Европа и за последниот бран на протести во Унгарија.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми